Max станува HBO Max

Иста апликација. Старо-ново име. Истите одлични приказни. Max станува HBO Max! Пристигнува ова лето.

Max станува HBO Max—еве што треба да знаеш за тоа:

Дали HBO Max се разликува од Max?

Max станува HBO Max ова лето. Единствената разлика е во името. Апликацијата, содржините, пакетите и цените остануваат исти.

Дали треба да направам нешто како претплатник на Max?

Не треба да правиш ништо. Ова лето, апликацијата Max ќе стане HBO Max.

Следи си ја е-поштата во следните неколку недели за повеќе информации за HBO Max.

Дали ќе има промена во цените или пакетите за тековните претплатници?

Засега, нема никакви промени во цените за претплата. Цените на пакетите на HBO Max ќе бидат исти како на Max.

За информации за цените, оди на max.com.

Дали ќе се променат мојата сметка, профили или поставки на Max?

Не! Твојот профил и поставките ќе останат исти. Aпликацијата каква што ја знаеш и сакаш ќе остане иста.