Дали веќе имам пристап до Max?

Пред да се претплатиш на Max, можеби веќе имаш пристап.

Дали имаш едно од следниве?

HBO со ТВ-пакетот

Ако имаш HBO со кабелскиот или сателитскиот ТВ-пакет, тогаш можеби имаш пристап до Max. Контактирај со операторот за да дознаеш дали претплатата на HBO вклучува пристап до Max.

Ако претплатата на HBO ти вклучува пристап до Max, треба да ја Активираш претплатата на Max пред да се регистрираш на Max првпат.

Поранешни претплатници на HBO Max

Ако во минатото се имаш претплатувано на HBO Max, може да се претплатиш на Max со помош на постојната сметка за HBO Max (на овој начин ќе ги имаш профилите, Мојот список и историјата на гледање). За повеќе информации, оди на Претплати се повторно на Max.