Мојот оператор не е на списокот
Ако се регистрира за Max (или за HBO) преку оператор за интернет, мобилен гелефон или телевизија, треба да ја активираш претплатата на Max пред да почнеш да гледаш Max.
Постојат два начини да ја активираш претплатата на Max:
- Врска за активирање
- Поврзи се со операторот
Ако компанијата преку која ја добиваш Max не е наведена на екранот „Поврзи се со операторот“, треба да добиеш упатства за активирање од компанијата преку која се регистрира за Max. Следи ги овие упатства за да ја активираш претплатата на Max.
Избери ја твојата земја за да го најдеш списокот на оператори за Max кои обезбедуваат врска за активирање.
Прашања и одговори за оператор
Операторот е тој преку кого се имаш претплатено и кој ти наплаќа за Max (или за HBO). За список на оператори, оди на Оператори што нудат Max.
Зависи од тоа како добиваш Max (или HBO):
- Не: ако се имаш претплатено на Max.com или преку апликацијата Max, врати се и избери Најави се.
- Да: ако ова ти е прво најавување и добиваш Max со пакетот за интернет, мобилен телефон или телевизија, треба да ја активираш претплатата на Max пред првпат да се најавиш на Max.
Треба да ја активираш Max само еднаш. Ако веќе ја имаш активирано претплатата на Max, може да се најавиш со е-поштата и лозинката за Max.