Опции и контроли за репродукција

Max содржи повеќе опции за репродукција.

Кој уред го користиш?

Кога гледаш нешто, допри на екранот за да пристапиш до следново:

Пушти/Паузирај

Избери го копчето „Пушти/Паузирај“ за пуштање и паузирање. Сите наслови се гледаат во режим на пејзаж.

Прескокнувај нанапред или наназад

Избери ја иконата за прескокнување нанапред стрелка завртена нанапред или иконата за прескокнување наназад стрелка завртена наназад за да прескокнеш 10 секунди нанапред или наназад.

Лента за напредок

Лентата за напредок ти покажува каде се наоѓаш и што гледаш. Може да допреш каде било на лентата или да ја допреш и да ја повлечеш локацијата (точката). Преостанатото време се прикажува во долниот десен агол.

Јачина на звук

За да ја приспособиш јачината на звукот, користи ги копчињата за јачина на звук на телефонот или на таблетот.

Слика во слика (iOS и Android)

Може да ја користиш функцијата „Слика во слика“ за да гледаш Max додека користиш други апликации на телефонот или на таблетот. Еве како:

  1. Кога гледаш нешто, повлечи со прстот нагоре од долниот дел на екранот.
  2. Отвори друга апликација. Кога ќе го направиш ова, прозорецот на Max ќе остане најгоре.

Ако функцијата „Слика во слика“ не функционира, можеби ќе треба да ја вклучиш. Еве како:

  • Android: на уредот со Android, оди во Поставки и пребарај „Слика“. Потоа, избери Слика во слика > Max > Овозможи слика во слика.
  • iOS: на уред со iOS, оди во Поставки > Општо > Слика во слика > Автоматски започни PiP.
Штипни за зумирање (само за iOS)

iOS:може да го користиш гестот „Штипни за зумирање“ за тоа што го гледаш да го исполни екранот на телефонот или на таблетот. За да го напрвиш тоа, раздвој 2 прста за зумирање и спој ги за да одзумираш. Ако гледаш додека е зумирано, видеото може да изгледа како да е отсечено.

Напомена Во моментов, контролите за репродукција (како паузирање, премотување нанапред и премотување наназад) не се достапни кога се гледаат канали во живо.

Опции горе десно на екранот:

Chromecast

Избери ја иконата на Google Cast правоаголник и триаголник за да ја емитуваш Max од телефонот или од таблетот на телевизорот. За повеќе информации, оди во Емитување Max на телевизорот преку Chromecast.

AirPlay (само за iOS)

Избери ја иконата на AirPlay (правоаголник и триаголник) за да ја емитуваш Max од уредот со iOS на уред компатибилен со AirPlay-2. За повеќе информации, оди во Емитувај Max на телевизорот преку AirPlay.

Превод, титлови и звук

Избери ја иконата „Звук и превод“ говорно балонче за да го промениш преводот, титловите или аудиозаписот. За повеќе информации, оди во Превод, титлови и звук.

Кога гледаш нешто, движи го курсорот врз екранот за да пристапиш до следново:

Пушти/Паузирај

Кликни на копчето „Пушти/Паузирај“ за пуштање и паузирање. Може и да притиснеш на копчето за празно место.

Прескокнувај нанапред или наназад

Избери ја иконата за прескокнување нанапред стрелка завртена нанапред или иконата за прескокнување наназад стрелка завртена наназад за да прескокнеш 10 секунди нанапред или наназад. Може и да притиснеш на копчето со стрелка за налево или надесно.

Лента за напредок

Лентата за напредок ти покажува каде се наоѓаш и што гледаш. Може да кликнеш каде било на лентата или да кликнеш и да ја повлечеш локацијата (точката). Преостанатото време се прикажува во долниот десен агол.

Chromecast

Избери ја иконата на Google Cast правоаголник и триаголник за да ја емитуваш Max од компјутерот на телевизорот. За повеќе информации, оди во Емитување Max на телевизорот преку Chromecast.

Гласност

За да ја приспособиш јачината на звукот, стави го курсорот од глувчето врз иконата за звук звучник, па кликни и влечи го нивото на звук (точката). Може и да притиснеш на копчињата со стрелка нагоре и надолу.

За да го исклучиш звукот, кликни на иконата за звук звучник или притисни на M. За да го вклучиш звукот, повторно кликни на иконата за звук или притисни на M (звукот се враќа на претходното ниво).

Може да ги користиш и контролите за јачина на звук на компјутерот.

Превод, титлови и звук

Кликни на иконата „Звук и превод“ говорно балонче за да го промениш преводот, титловите или аудиозаписот. За повеќе информации, оди во Превод, титлови и звук.

Цел екран

Кликни на иконата за цел екран поле (долу десно) за да го прошириш тоа што го гледаш. За да излезеш од цел екран, повторно кликни на иконата или притисни го копчето Esc.

Напомена Во моментов, контролите за репродукција (како паузирање, премотување нанапред и премотување наназад) не се достапни кога се гледаат канали во живо.

Ова се опциите за репродукција на телевизор:

Пушти/Паузирај
  • Телевизор: притисни го централното копче на D-подлогата или копчето „Пушти/Паузирај“ на далечинскиот управувач.
  • PlayStation: притисни го копчето „X“ на контролерот на PS.
  • Xbox: притисни го копчето „A“ на контролерот на Xbox.
Премотување нанапред или наназад
  • Телевизор: притисни и задржи на десното копче на D-подлогата за премотување нанапред и левото копче на D-подлогата за премотување наназад.
  • Apple TV: притисни и задржи на левата или на десната страна од подлогата за допир за премотување нанапред или наназад.
  • PlayStation: притисни го копчето „R2“ за премотување нанапред и копчето „L2“ за премотување наназад.

За да ја зголемиш или да ја намалиш брзината на премотување нанапред/наназад, повторно притисни на истото копче (најмногу 4 пати). Притисни на копчето „Пушти“ за да продолжиш со репродукцијата.

Лента за напредок

Лентата за напредок ти покажува каде се наоѓаш и што гледаш. Преостанатото време се прикажува во долниот десен агол.

  1. Паузирај ја серијата или филмот.
  2. Користи ја навигацијата за лево/десно на далечинскиот управувач за да се движиш нанапред/наназад на лентата за напредок.
Превод, титлови и звук

Избери ја иконата „Звук и превод“ говорно балонче за да го промениш преводот, титловите или аудиозаписот. За повеќе информации, оди во Превод, титлови и звук.

Напомена Во моментов, контролите за репродукција (како паузирање, премотување нанапред и премотување наназад) не се достапни кога се гледаат канали во живо.

Други опции за репродукција:

Автоматско пуштање

Кога ќе завршиш со гледањето на некоја епизода, следната ќе се пушти автоматски. Може да избереш Следна епизода за да започнеш со гледање веднаш или почекај 15 секунди и епизодата ќе се пушти автоматски.

Ако сакаш да ја гледаш завршната шпица, отфрли го потсетникот „Следна епизода“. Еве како:

  • Телефон, таблет или компјутер: избери X покрај копчето „Следна епизода“.
  • Apple TV: притисни го копчето „Мени“ на далечинскиот управувач.
  • Друг телевизор: притисни го копчето за назад на далечинскиот управувач.

За да дознаеш како да го исклучиш автоматското пуштање (следна епизода или прегледи), оди во Поставки за Max.

Копче „Прескокни“

Кога ќе почнеш да гледаш нешто, може да ги прескокнеш содржините што се пуштаат пред серијата или филмот.

  • Прескокни го воведот: прескокнува до последната секунда од воведот.
  • Прескокни ја рекапитулацијата: прескокнува до последната секунда од рекапитулацијата на епизодата.

Копчето „Прескокни“ исчезнува по 10 секунди. За да го вратиш копчето, допри или кликни на екранот на уредот. „Прескокни го воведот“ и „Прескокни ја рекапитулацијата“ во моментов не се достапни на Chromecast.

Оди во живо

Кога гледаш настан во живо, може да избереш Гледај во живо (долу десно) за да прескокнеш до случувањата во живо. Опцијата „Гледај во живо“ е достапна само кога ќе паузираш, ќе премоташ наназад или ќе започнеш да гледаш настан во живо од почеток.

Менувај го квалитетот, соодносот ширина-висина или брзината

Видеоквалитет: Max автоматски го приспособува видеоквалитетот според пропусниот опсег и брзината на интернетот. За помош за подобрување на брзината на интернетот, оди во Вчитувања или паузи на Max. Повеќето серии и филмови се достапни со висока дефиниција (HD). Во моментов не се достапни рачни поставки за видеоквалитет.

Сооднос ширина-висина: некои наслови на Max може да имаат црни ленти или празни полиња на рабовите од видеото. Црните ленти се користат кога соодносот ширина-висина во којшто е снимен насловот не одговара на соодносот ширина-висина на екранот. Наместо видеото да се рашири или да се отсече се додаваат црни ленти.

  • Црни ленти над и под видеото: тоа значи дека насловот е снимен со сооднос ширина-висина што е поширок од твојот екран.
  • Странични црни ленти: ова може да се случи ако насловот е снимен со квадратен сооднос ширина-висина (на пр. 4:3), а твојот екран е широк (16:9) или ултраширок (21:9).

Не може рачно да го приспособиш соодносот ширина-висина во Max за да ги отстраниш црните ленти.

Брзина на репродукција: брзината на видеорепродукцијата не може да се приспособува.