Сè за Max
Max содржи сè што сакаш на HBO Max заедно со спортски настани во живо и други омилени содржини. Освен тоа, ќе можеш да го гледаш секој момент од Олимписките игри Париз 2024 со сите пакети на Max!
Max содржи проширена колекција, почнувајќи од вистински злосторства, документарци и ријалити, па сѐ до кулинарство, семејство и дом, плус спортски настани во живо:
- Најдоброто од HBO Max: гледај култни серии, хит филмови и многу повеќе од HBO, Warner Bros, Cartoon Network и DC Universe.
- За секого по нешто: најдобрите емисии со приказни од вистинскиот живот и многу повеќе.
Дознај повеќе на max.com.
Во моментов, Max е достапен во Европа (одредени земји), Латинска Америка, Карибите и Соединетите Американски Држави. Може да гледаш Max кога патуваш во земја или во регион каде што е достапен Max. За повеќе информации, оди на Каде е достапен Max?.
Може да гледаш Max на телефони, таблети, компјутери, телевизори, плеери за стриминг, уреди set-top box и конзоли за игри. За повеќе информации, оди на Поддржани уреди.
Ова се пакетите на Max:
- Стандарден
Гледај во Full HD на 2 уреди истовремено, до 30 преземања офлајн - Премиум
Гледај во 4K UHD* на 4 уреди истовремено, до 100 преземања офлајн**
*Каде што е достапно.
**Може да вклучува ограничувања во некои категории содржини.
Дознај повеќе на Пакети на Max.
Цените на Max се разликуваат во зависност од операторот и од пакетот. За повеќе информации за цените, оди на max.com.
Начините на плаќање зависат од тоа преку кого се имаш претплатено:
- Max.com: ако се регистрираш преку нас, може да користиш American Express, Cartes Bancaires (само во Франција), Visa, Mastercard или PayPal.
Напомена American Express не е достапен во Андора и во Молдавија. - Оператор за интернет, мобилен телефон или телевизија: провери кај операторот за да дознаеш кои начини на плаќање се прифатени.
- Продавница за апликации: провери во продавницата за апликации за да дознаеш кои начини на плаќање се прифатени.
- Пред да се регистрираш, дознај дали веќе имаш пристап до Max.
- Ако немаш пристап, може да се регистрираш на max.com или преку еден од нашите партнери. За повеќе информации, оди на Како да се претплатам на Max?