Управувај со додатокот Спорт

Кога ќе го додадеш додатокот Спорт (или пакетот Премиум и спорт на уреди Apple) може да добиеш пристап до престижни настани во живо, спортски лиги и турнири, вклучувајќи ги Ролан Гарос и Тур де Франс од 2024 година. За повеќе информации, оди на Додаток Спорт.

Додатокот Спорт може да го додадеш кон постојниот основен пакет за претплата. Или, пак, ако постојната основа претплата ти се наплаќа преку Apple, може да се префрлиш на пакетот Премиум и спорт.

Додатокот Спорт е достапен кај следниве оператори:

  • Max.com
  • Amazon Appstore
  • Apple App Store (избери го основниот пакет Премиум и спорт)
  • Google Play
  • Samsung TV
  • Одредени оператори за интернет, мобилен телефон и телевизија

Додатокот Спорт се наплаќа месечно и цената се разликува во зависност од земјата. За детали за спортови и цени, оди на max.com/sports.

Како да го додадам додатокот Спорт во мојот пакет?

Додатокот Спорт може да го додадеш кон постојниот основен пакет. Еве како:

  1. Во Max, направи едно од следниве:
    • Телефон, таблет или компјутер: избери го својот профил, па Претплата.
    • ТВ-уред: избери ја иконата за Поставки запченик (долу десно), па Претплата.
      (Само профилите за возрасни можат да управуваат со претплати.)
  2. Избери Земи додатоци (или Промени пакет ако претплатата ти се наплаќа преку Apple). За повеќе информации, оди на Промени го пакетот што се наплаќа преку Apple.
  3. Следи ги упатствата на екранот за да го додадеш додатокот Спорт.
    Ако добиеш порака за грешка, оди на Решавање проблеми.
  4. Потврди ја промената и додај податоци за плаќање.

Како да го отстранам додатокот Спорт?

Чекор 1: откриј кој ти наплаќа

Прво, откриј кој ти наплаќа за додатокот Спорт (или за месечниот пакет Премиум и спорт на уреди Apple):

  1. Отвори Max и направи едно од следниве:
    • Телефон, таблет или компјутер: избери го својот профил, па Претплата.
    • ТВ-уред: во избери ја иконата „Поставки“ запченик (долу десно), па Претплата.
  2. Види преку кого ти се наплаќаат основниот пакет и додатокот Спорт. Основниот пакет и додатокот Спорт може да ти се наплаќаат преку различни страни.

Ако го имаш додадено додатокот Спорт на max.com, во изводот од банка тој ќе се појави како WBDSports.

Чекор 2: отстрани го додатокот Спорт

Еве како да го отстраниш додатокот Спорт:

  1. Во Max, направи едно од следниве:
    • Телефон, таблет или компјутер: избери го својот профил, па Претплата.
    • ТВ-уред: избери ја иконата „Поставки“ запченик (долу десно), па Претплата.
      (Само профилите за возрасни можат да управуваат со претплати.)
  2. Избери Отстрани го додатокот Спорт.
    Нема опција за отстранување на додатокот Спорт? Види преку кого ти се наплаќа додатокот Спорт и избери го во делот Наплата преку трети страни подолу.
  3. Следи ги упатствата на екранот за да го отстраниш додатокот.

Кога ќе го отстраниш додатокот Спорт, ќе може да продолжиш да гледаш спорт до крајот на периодот на наплата за додатокот (и тоа нема да влијае врз основниот пакет за претплата).

Откако ќе се ажурира претплатата, треба да добиеш е-порака за потврда на промената.

Наплата преку трети страни

Amazon Appstore

Еве како да го отстраниш додатокот Спорт што се наплаќа преку Amazon:

  1. Оди на Amazon.com/appstoresubscriptions и најави се на сметката на Amazon.
  2. Во делот Твои претплати, најди го додатокот Спорт и исклучи го автоматското обновување.

Откако ќе го откажеш, треба да добиеш е-порака од Amazon за потврда на откажувањето. Ќе може да продолжиш да гледаш спорт до крајот на периодот на наплата за додатокот (и тоа нема да влијае врз основниот пакет за претплата).

За повеќе помош, оди на написот на Amazon Управувај со претплатите.

Apple

Спорт е вклучен во основниот пакет Премиум и спорт. За да го отстраниш Спорт, треба да избереш друг пакет за претплата. Еве како:

  1. На iPhone или на iPad, отвори ја апликацијата Max и избери го својот профил.
    За чекорите за Apple TV, оди на Промени пакет што се наплаќа преку Apple.
  2. Избери Претплата, па Промени го пакетот.
  3. Избери пакет за претплата (друг пакет, не Премиум и спорт).
  4. Следи ги барањата на екранот за да го промениш пакетот преку Apple.

Откако ќе се ажурира претплатата, треба да добиеш е-порака од Apple за потврда на промената.

Google Play

Еве како да го отстраниш додатокот Спорт што се наплаќа преку Google Play:

  1. На телефон или на таблет со Android, отвори ја апликацијата Play Store.
    За да откажеш на компјутерот, оди на написот на Google Откажи претплата на Google Play.
  2. Најгоре десно, избери ја иконата на профилот.
  3. Избери Плаќања и претплати, а потоа Претплати.
  4. Избери Спорт во списокот на претплати, па Откажи ја претплатата.

Откако ќе го откажеш, треба да добиеш е-порака од Google за потврда на откажувањето. Ќе може да продолжиш да гледаш спорт до крајот на периодот на наплата за додатокот (и тоа нема да влијае врз основниот пакет за претплата).

Samsung TV

Еве како да го отстраниш додатокот Спорт што се наплаќа преку Samsung:

  1. Оди на samsungcheckout.com и најави се на сметката на Samsung.
    За да ја откажеш претплатата преку Samsung TV, оди на написот на Samsung Откажи претплата.
  2. Од менито Историја на купувања, избери Претплати.
  3. Најди ја претплатата за Спорт и избери Откажи претплата.

Откако ќе го откажеш, треба да добиеш е-порака од Samsung за потврда на откажувањето. Ќе може да продолжиш да гледаш спорт до крајот на периодот на наплата за додатокот (и тоа нема да влијае врз основниот пакет за претплата).

Оператор за интернет, мобилен телефон или телевизија

За да го отстраниш додатокот Спорт, најави се на веб-локацијата на операторот, оди во неговиот Центар за помош или контактирај со него за помош.

Решавање проблеми

Подолу, избери ја пораката што ја добиваш:

На овој уред не може да се прават промени во претплатата

Ако ја добиеш оваа порака, значи дека треба да го додадеш додатокот Спорт на уредот на којшто ја имаш започнато основната претплата на Max.

Прво, откриј кој ти наплаќа за основната претплата:

  1. Отвори Max и направи едно од следниве:
    • Телефон, таблет или компјутер: избери го својот профил, па Претплата.
    • ТВ-уред: избери ја иконата „Поставки“ запченик (долу десно), па Претплата.
      (Само профилите за возрасни можат да управуваат со претплати.)
  2. Види преку кого ти се наплаќа основната претплата (најгоре на екранот).
  3. Сега, најди преку кого ти се наплаќа претплатата, подолу:
Додај Спорт преку {име на оператор}

Ако ја добиеш оваа порака, треба да се обратиш до операторот на претплатата (компанијата преку која ти се наплаќа за основната претплата на Max) за да го додадеш додатокот Спорт кон основниот пакет.

За да откриеш преку кого ти се наплаќа основната претплата, оди на Управувај со претплата на Max.

Не е достапно кај твојот оператор

Ако ја добиеш оваа порака, тоа значи дека додатокот Спорт не е достапен кај операторот на претплатата (компанијата преку која ти се наплаќа за основната претплата на Max). За повеќе информации, обрати се до операторот на претплатата.

За да откриеш преку кого ти се наплаќа основната претплата, оди на Управувај со претплата на Max.