Одржување на системот
Прочитај повеќе
Во моментов ги надградуваме нашите системи. За помош, прати ни е-порака на podporastrankam@max.com или врати се за неколку часа. Прочитај помалку

Промени го начинот на плаќање

Основните претплати на Max се достапни преку многу оператори. Како се ажурира начинот на плаќање зависи од тоа кој ти наплаќа. Ако знаеш кој ти наплаќа, прескокни на Чекор 2 .

Чекор 1: откриј кој ти наплаќа

Еве како да откриеш кој ти наплаќа за Max:

  1. Направи едно од следниве:
    • Веб: оди на max.com/subscription и најави се (ако е потребно). Не можеш да се најавиш?
    • Телефон, таблет или компјутер: во Max, избери го својот профил, па Претплата.
    • Телевизор: во Max, избери ја иконата „Поставки“ запченик (долу десно), па Претплата.
  2. Тука ќе видиш преку кого ти се наплаќа основната претплата (најгоре на екранот), а преку кого додатокот Спорт (ако е применливо). Основниот пакет и додатокот Спорт може да се наплаќаат преку различни страни.

Може да провериш и во банкарските изводи или да прашаш кај операторот за интернет, мобилен телефон или телевизија дали тој ти наплаќа за Max.

Чекор 2: промени го начинот на плаќање

Ако ти се наплаќа преку нас, еве како да го ажурираш начинот на плаќање:

  1. Оди на max.com/subscription и најави се (ако е потребно). Не можеш да се најавиш?
  2. Избери Ажурирај го начинот на плаќање.
    Нема опција за ажурирање на плаќањето? Види преку кого ти се наплаќа основната претплата (најгоре на екранот), а преку кого додатокот Спорт (ако е применливо). Потоа, најди ги во делот за наплата од трета страна подолу.
  3. Додај ги податоците за плаќање и зачувај ги промените. Не можеш да го промениш плаќањето?

Ажурираните податоци за плаќањето ќе се користат за следната основна претплата или надомест за додаток.

Наплата од трети страни

Најди преку кого ти се наплаќа основната претплата подолу:

  • Amazon Appstore (во одредени земји)
  • Apple
  • Google Play
  • Samsung TV
  • Канали Prime Video (во одредени земји): оди на написот на Аmazon Управувај со начините на плаќање.
  • Оператор за интернет, мобилен телефон или телевизија : најави се на веб-локацијата на операторот, оди во неговиот Центар за помош или контактирај со него.

Бараш нешто друго?

Ти треба помош да се најавиш? Оди на Не можам да се најавам.