Порака „Се гледа на премногу уреди“
Може да гледаш Max на повеќе уреди истовремено. Ако ја добиеш пораката „Се гледа на премногу уреди со сметката“, значи дека е достигнат максималниот број на уреди на коишто може да се гледа истовремено со сметката за твојот пакет.
Бројот на уреди на коишто може да гледаш истовремено зависи од пакетот за претплата:
Пакет | Број на уреди за гледање |
---|---|
Стандарден | 2 |
Премиум* | 4 |
*Гледањето спорт во живо е ограничено на 2 од 4 уреди.
Еве како да го најдеш твојот пакет за претплата:
- Во Max, направи едно од следниве:
- Телефон, таблет или компјутер: избери профил, па Претплата.
- Телевизор: избери ја иконата „Поставки“ , па Претплата.
(Само Профилите за возрасни може да управуваат со уредите.)
- Тука ќе го најдеш тековниот пакет. Разгледај ги пакетите на Max.
За да започнеш со гледање на друг уред, побарај од некого во домаќинството да престане да гледа Max. (Откако ќе престане да гледа, можеби ќе треба да почекаш неколку минути пред да започнеш да гледаш на твојот уред.)
За список на уреди што се најавени со твојата сметка:
- Најави се на Max на телефонот, таблетот или компјутерот. Не можеш да се најавиш?
- Избери го профилот, па Сметка и Уреди.
(Само Профилите за возрасни може да управуваат со уредите.) - Тука ќе најдеш список на уредите што се најавени со твојата сметка (заедно со датумот на најавување и државата).
- За да се одјавиш од сметката на уредот, избери „X“ покрај уредот.
За повеќе информации за управувањето со уреди преку сметката, оди во Управувај со уредите.