Како да го променам операторот за Max?

Max е достапна кај многу оператори на претплата. Твојот оператор е компанијата преку која се имаш претплатено и која ти наплаќа за Max. Ако сакаш да се претплатиш преку друг оператор, следи ги следниве чекори:

Прво, откриј преку кого ти се наплаќа за претплатата.

Чекор 1: откриј кој ти наплаќа

Еве како да откриеш кој ти наплаќа за Max:

  1. Направи едно од следниве:
    • Веб: оди на max.com/subscription и најави се на сметката. Не можеш да се најавиш?
    • Телефон, таблет или компјутер: во Max, избери го профилот, па Претплата.
    • Телевизор: во Max, избери ја иконата „Поставки“ запченик (долу десно), па Претплата.
  2. Тука ќе откриеш преку кого ти се наплаќа за претплатата (најгоре на екранот).

Може да провериш и во банкарските изводи или да го прашаш твојот оператор за интернет, мобилен телефон или телевизија дали ти наплаќа за Max.

Чекор 2: откажи ја претплатата

Ако претплатата на Max ти е активна, ќе треба да ја откажеш. Кога ќе ја откажеш претплатата, провери кога истекува.

Може да продолжиш со гледање додека да ти истече претплатата на крајот од периодот на наплата.

Чекор 3: претплати се повторно

Кога ќе ти истече претплатата, може повторно да се претплатиш на Max преку друг оператор.

За да дознаеш како, оди во Повторно претплати се на Max.