Дали можам да добијам рефундирање?

Политиките за рефундирање се разликуваат во зависност од операторот што ја врши наплатата. Оператор што ја врши наплатата е оној кому му плаќаш за основната претплата за Max или за додатокот.

Прво, откриј преку кого ти се наплаќа за основната претплата за Max или за додатокот:

  1. Во Max, направи едно од следниве:
    • Телефон, таблет или компјутер: избери го својот профил, па Претплата.
    • ТВ-уред: избери ја иконата „Поставки“ запченик, па Претплата.
      (Само профилите за возрасни може да управуваат со претплати.)
  2. Еве како да откриеш преку кого ти се наплаќаат основниот пакет и додатокот (ако е применливо):
    • Amazon Appstore (во одредени земји): обрати се до Amazon и прашај за нивната политика за поврат.
    • Apple: оди на написот на Apple Побарај рефундирање.
    • Google Play: оди на написот на Google Дознај повеќе за рефундирањата.
    • Samsung: контактирај со нас во врска со сите барања за рефундирање.
    • HBO Nordic AB или HBO Europe s.r.o.: претплатите и за месечните и за годишните пакети вклучуваат минимални месечни односно годишни обврски. Во одредени околности што се детално опишани во нашите Услови за користење, достапни се правата за откажување и рефундирање.
      Во такви околности, корисниците може да го исклучат автоматското обновување во нивната сметка и да продолжат да имаат пристап до следниот период на наплата или да контактираат со Поддршката за корисници за да разговараат за правата за откажување и за рефундирање, ако се достапни.
      Ако има неочекуван наплатен износ или ако имаш други проблеми со наплатата, контактирај со нас за помош.
    • Друг оператор: контактирај со операторот што ја врши наплатата и побарај ја политиката за рефундирање.

За да го најдеш операторот што ја врши наплатата, може да ги прегледаш и банкарските изводи или да го прашаш операторот за интернет, мобилен телефон или телевизија дали тoј ти наплаќа за Max.

Ти треба помош да се најавиш? Оди на Не можам да се најавам.

Што ако наплатениот износ не е тој што го очекував?

Ако наплатениот износ е различен од тој што го очекуваше, еве неколку можни причини:

  • Можеби имаш поинаков пакет или период на наплата од тој што мислеше дека го имаш. Кој пакет го имам?
  • Можеби ти завршил промотивниот период или периодот со попуст и ти е наплатено по тогашната цена на претплатата.
  • Можеби го имаш додатокот Спорт, кој можеби ти се наплаќа одделно од наплатениот износ за основниот пакет за претплата.
  • Каде што е применливо, даноците се вклучени во наплатениот износ за претплата за земјата каде што ја имаш започнато претплатата.

Ако не станува збор за ниту една од овие причини и претплатата ти се наплаќа преку нас (HBO Nordic AB или HBO Europe s.r.o.), контактирај со нас за помош (наместо со службата за плаќање). Ако ти се наплаќа преку друга компанија, оди на Неочекуван наплатен износ за претплата или контактирај со нив за помош.