Спорт на Max
Кога ќе го додадеш додатокот Спорт (или пакетот Премиум и спорт на уреди Apple) може да добиеш пристап до престижни настани во живо, спортски лиги и турнири, вклучувајќи ги Ролан Гарос и Тур де Франс од 2024 година.
Цената на додатокот Спорт се разликува во зависност од земјата. За детали за спортови и цени, оди на max.com/sports. За да го отстраниш додатокот Спорт, оди на Управувај со додатокот Спорт.
ЧПП за додатокот Спорт
Додатокот Спорт на Max е местото на премиум спортски содржини во живо.
Покрај спортови во живо, додатокот Спорт вклучува програми пред и по натпревари, содржини со повеќе спортови по барање, специјални функции и серии во живо.
Со додатокот Спорт, може да гледаш одбрани настани, вклучувајќи:
- Гледај Eurosport 1 и Eurosport 2
- 2024 велосипедизам во живо, тенис и др.
- Вклучени се и Ролан Гарос и Тур де Франс од 2024 година
За повеќе информации за додатокот Спорт на Max, оди на max.com/sports.
Додатокот Спорт се наплаќа месечно и цената се разликува во зависност од земјата. За детали за цените, оди на max.com/sports. Потребен е основен пакет за претплата (или пакетот Премиум и спорт на уреди Apple).
Додатокот Спорт се наплаќа одделно од основниот пакет за претплата (се појавува како посебна ставка на изводот од банка или извештајот за кредитна картичка).
Кога се претплатуваш на Max ќе избереш основен пакет за претплата и опционалниот додаток Спорт (или, пак, на уреди Apple може да го избереш месечниот пакет Премиум и спорт).
Ако веќе имаш основна претплата, има 2 начини да го додадеш додатокот Спорт:
- Во Max, избери Спорт (најгоре на екранот).
- Избери спортски настан.
- Избери Земи спорт и направи едно од следниве:
- Избери да го додадеш додатокот Спорт кон основниот пакет.
- Избери го месечниот пакет Премиум и спорт (ако основната претплата ти се наплаќа преку Apple).
- Следи ги упатствата на екранот за да го додадеш додатокот Спорт.
Ако добиеш порака за грешка, оди на Решавање проблеми. - Потврди ја промената и додај податоци за плаќање.
- Во Max, направи едно од следниве:
- Телефон, таблет или компјутер: избери го својот профил, па Претплата.
- ТВ-уред: избери ја иконата „Поставки“ , па Претплата.
(Само профилите за возрасни можат да управуваат со претплати.)
- Избери Земи додатоци (или Промени пакет ако претплатата ти се наплаќа преку Apple). За повеќе информации, оди на Промени го пакетот што се наплаќа преку Apple.
- Следи ги упатствата на екранот за да го додадеш додатокот Спорт.
Ако добиеш порака за грешка, оди на Решавање проблеми. - Потврди ја промената и додај податоци за плаќање.
Кога ќе го додадеш додатокот Спорт на основниот пакет, ќе ти се наплаќа месечно сѐ додека не го отстраниш додатокот Спорт или не го откажеш основниот пакет за претплата. Додатокот Спорт се наплаќа одделно од основниот пакет за претплата (се појавува како посебна ставка на изводот од банка или извештајот за кредитна картичка).
Ако го имаш додадено додатокот Спорт на max.com, во изводот од банка тој ќе се појави како WBDSports.
Ако го имаш додатокот Спорт (или месечниот пакет Премиум и спорт што се наплаќа преку Apple), направи го следново:
- Во Max, избери Спорт (најгоре на екранот).
Тука ќе најдеш натпревари и други спортски настани, во живо и претстојни, заедно со неодамнешни издвоени моменти и репризи. - Избери го спортскиот настан што сакаш да го гледаш.
- Избери Гледај во живо за да почнеш да го гледаш настанот што е во тек или Гледај од почеток за да почнеш да гледаш од почетокот.
Што треба да знаеш за гледањето спорт на Max:
- Контроли на плеер: кога гледаш настан во живо може да паузираш, да премотуваш нанапред, да премотуваш наназад и да се префрлиш на настан што се одвива во живо (копче Оди во живо). За повеќе информации, оди на Контроли на плеер за Max.
- Уреди: спорт може да се гледа на кој било поддржан уред. Во зависност од уредот, може да гледаш спорт во живо во резолуција до HD 1080p со SDR и Dolby Atmos аудио. Исто така, може да користиш и Chromecast, AirPlay или HDMI-кабел за да гледаш спорт во живо на телевизорот.
- Квалитет: во зависност од уредот и од брзината на интернет-врската, може да гледаш спорт во живо во резолуција до HD 1080p со SDR и Dolby Atmos аудио. Одредени настани се достапни во HDR10 или Dolby Vision.
- Репризи: за одредени настани се достапни и репризи откако ќе заврши нивното емитување.
- Реклами: спортовите во живо ги содржат истите реклами што се емитуваат за време на емитувањето на настанот на телевизија.
Решавање проблеми
Подолу, избери ја пораката што ја добиваш:
Ако ја добиеш оваа порака, значи дека треба да го додадеш додатокот Спорт на уредот на којшто ја имаш започнато основната претплата на Max.
Прво, откриј кој ти наплаќа за основната претплата:
- Отвори Max и направи едно од следниве:
- Телефон, таблет или компјутер: избери го својот профил, па Претплата.
- ТВ-уред: избери ја иконата „Поставки“ , па Претплата.
(Само профилите за возрасни можат да управуваат со претплати.)
- Види преку кого ти се наплаќа основната претплата (најгоре на екранот).
- Сега, најди преку кого ти се наплаќа претплатата, подолу:
- HBO Europe, s.r.o. или HBO Nordic AB: оди на max.com/subscription, најави се (ако е потребно) и избери Земи додатоци
- Amazon Appstore: отвори ја апликацијата Max на телевизор или на таблет Amazon Fire, потоа следи ги чекорите за додавање Спорт погоре.
- Apple: отвори ја апликацијата Max на iPad, iPhone или на Apple TV, потоа смени го основниот пакет во Премиум и спорт. За повеќе информации, оди на Промени пакет што се наплаќа преку Apple.
- Google Play: отвори ја апликацијата Max на телевизор, телефон или таблет со Android, потоа следи ги чекорите за додавање Спорт погоре.
- Samsung TV: отвори ја апликацијата Max на телевизор Samsung, потоа следи ги чекорите за додавање Спорт погоре.
Ако ја добиеш оваа порака, треба да се обратиш до операторот на претплатата (компанијата преку која ти се наплаќа за основната претплата на Max) за да го додадеш додатокот Спорт кон основниот пакет.
За да откриеш преку кого ти се наплаќа основната претплата, оди на Управувај со претплата на Max.
Ако ја добиеш оваа порака, тоа значи дека додатокот Спорт не е достапен кај операторот на претплатата (компанијата преку која ти се наплаќа за основната претплата на Max). За повеќе информации, обрати се до операторот на претплатата.
За да откриеш преку кого ти се наплаќа основната претплата, оди на Управувај со претплата на Max.