Гледај ги Олимписките игри на Max
Прочитај повеќе
Од 26 јули 2024, ќе може да ги гледаш Олимписките игри Париз 2024 на Max со кој било основен пакет за претплата. Повеќе информации. Прочитај помалку

Како да го променам операторот за Max?

Max е достапна кај многу оператори на претплата. Твојот оператор е компанијата преку која се имаш претплатено и која ти наплаќа за Max. Ако сакаш да се претплатиш преку друг оператор, следи ги следниве чекори:

Прво, откриј преку кого ти се наплаќа за претплатата.

Чекор 1: откриј кој ти наплаќа

Еве како да откриеш кој ти наплаќа за Max:

  1. Направи едно од следниве:
    • Веб: оди на max.com/subscription и најави се на сметката. Не можеш да се најавиш?
    • Телефон, таблет или компјутер: во Max, избери го профилот, па Претплата.
    • Телевизор: во Max, избери ја иконата „Поставки“ запченик (долу десно), па Претплата.
  2. Тука ќе откриеш преку кого ти се наплаќа за претплатата (најгоре на екранот).

Може да провериш и во банкарските изводи или да го прашаш твојот оператор за интернет, мобилен телефон или телевизија дали ти наплаќа за Max.

Чекор 2: откажи ја претплатата

Ако претплатата на Max ти е активна, ќе треба да ја откажеш. Кога ќе ја откажеш претплатата, провери кога истекува.

Може да продолжиш со гледање додека да ти истече претплатата на крајот од периодот на наплата.

Чекор 3: претплати се повторно

Кога ќе ти истече претплатата, може повторно да се претплатиш на Max преку друг оператор.

За да дознаеш како, оди во Повторно претплати се на Max.