Промени претплата што се наплаќа преку Max

Ако се имаш претплатено на Max.com (или на HBOMax.com), еве што треба да знаеш за промената на претплатата што се наплаќа преку Max.

Наплата од трети страни
Ако претплатата ти се наплаќа преку друга компанија (на пр. продавница за апликации или ТВ-оператор), оди на Управувај со претплатата на Max.

Прашања и одговори за наплатата преку Max

Кој пакет го имам?
  1. Во Max, направи едно од следниве:
    • Телефон, таблет или компјутер: избери го својот профил, па Претплата.
    • ТВ-уред: избери ја иконата за Поставки запченик (долу десно), па Претплата.
      (Само профилите за возрасни можат да управуваат со претплати.)
  2. Тука ќе ги најдеш тековниот основен пакет за претплата и додатоците (ако е применливо).

За да го промениш основниот пакет, оди на Како да го променам пакетот За да го промениш додатокот Спорт, оди на Додај го или отстрани го додатокот Спорт.

Ти треба помош да се најавиш? Оди на Не можам да се најавам.

Кога е следниот датум на наплата?

Претплатата автоматски се обновува на следниот датум на наплата. Еве како да го најдеш следниот датум на наплата:

  1. Во Max, направи едно од следниве:
    • Телефон, таблет или компјутер: избери го својот профил, па Претплата.
    • ТВ-уред: избери ја иконата за Поставки запченик (долу десно), па Претплата.
      (Само профилите за возрасни можат да управуваат со претплати.)
  2. Ако основната претплата или додатокот се наплаќа преку нас, ќе го најдеш претстојниот датум на плаќање.

Ако претплатата се наплаќа преку друг оператор, оди на Управувај со претплатата на Max.

Како да откажам?
Работи што треба да ги знаеш
  • Претплатата на Max автоматски се обновува додека не ја откажеш.
  • Претплатата не се откажува со бришење на апликацијата Max.
  • Откажи ја претплатата најмалку 24 часа пред следниот датум на наплата за да избегнеш идни плаќања.

За да ја откажеш претплатата на Max:

  1. Направи едно од следниве:
    • Телефон или таблет: оди на max.com/subscription и најави се на својата сметка.
    • Компјутер: оди на max.com и најави се на сметката. Потоа, избери го профилот и Претплата.
      (Само профилите за возрасни може да управуваат со претплати.)
  2. Избери Откажи ја претплатата.
    Нема опција за откажување? Види преку кого ти се наплаќа основната претплата (најгоре на екранот) и оди на Откажи го Max.
  3. Потврди го откажувањето и најди го датумот на истекување.

Откако ќе откажеш, треба да добиеш е-порака за потврда на откажувањето. Може да продолжиш да гледаш додека не престане да важи претплатата на крајот на периодот на наплата. Ако се премислиш за откажувањето, може да се вратиш назад на Претплата (Чекор 1 погоре) и да избереш Продолжи со претплатата.

Ако го имаш додатокот Спорт, додатокот ќе биде откажан кога ќе престане да важи основната претплата и ќе добиеш рефундирање за преостанатите денови за додатокот.

Ти треба помош да се најавиш? Оди на Не можам да се најавам.

Како да добијам потврда за плаќање?

Еве како да ја видиш историјата на плаќања:

  1. Оди на max.com/login и најави се (ако е потребно).
  2. Избери го профилот, па Претплата.
    (Само профилите за возрасни можат да управуваат со претплати.
  3. Ако претплатата ти се наплаќа преку нас, избери Историја на плаќања.
  4. Избери го датумот на плаќање за да добиеш потврда.

Ако претплатата ти се наплаќа преку друг оператор, за помош оди во неговиот Центар за помош или обрати се до него.

Ако износот на претплатата не е тој што го очекуваше, оди на Неочекуван износ на претплата. Ако сакаш потврда за плаќање од HBO Max, контактирај нѐ (ќе треба да обезбедиш детали за плаќањето пред да ти испратиме потврда преку е-пошта).

Како да го променам начинот на плаќање?
  1. Направи едно од следниве:
    • Телефон или таблет: оди на max.com/subscription и најави се на својата сметка.
    • Компјутер: оди на max.com и најави се на сметката. Потоа, избери го профилот и Претплата.
      (Само профилите за возрасни можат да управуваат со претплати.)
  2. Избери Ажурирај го начинот на плаќање.
    Нема опција за ажурирање на плаќањето? Провери преку кого ти се наплаќа претплатата или додатокот и оди на Промени го плаќањето.
  3. Додај податоци за плаќање и зачувај ги промените.
    Банката може да ти побара да го потврдиш твојот идентитет со 3D-Secure пред да ја авторизира трансакцијата. Ако имаш проблем со 3D-Secure, обрати се до банката.
    Ти треба помош? Оди на Не можам да променам или да додадам плаќање.

Ажурираните податоци за плаќање ќе се користат за следното плаќање на основната претплата или додатокот.

Ти треба помош да се најавиш? Оди на Не можам да се најавам.

Не можеш да промениш или да додадеш начин на плаќање?
Начинот на плаќање мора:
  • Да поддржува меѓународни трансакции
  • Да поддржува повторливи онлајн плаќања (некои припејд картички не поддржуваат повторливи плаќања)
  • Да биде издаден во земјата каде што ја имаш започнато претплатата
  • Да биде прифатен начин на плаќање (за список, оди на Обиди се со друг начин на плаќање)

Напомена Некои припејд картички не поддржуваат повторливи плаќања.

Грешка во плаќањето? Ако добиваш грешка во плаќањето, обиди се со следново:

Добро провери ги податоците за плаќање

Провери дали податоците за плаќање се точни (на пр. провери дали она што го испраќаш се совпаѓа со тоа на картичката):

  • Име, број на картичка, датум на важност и безбедносен код
Користи друг прелистувач

Обиди се со следново:

  • Обиди се со друг поддржан прелистувач (Chrome, Firefox, Microsoft Edge или Safari).
    -или-
  • Обиди се преку инкогнито прозорец или прозорец за приватен прелистувач. За да го направиш ова, отвори нов инкогнито или приватен прозорец, потоа најави се на max.com/subscription. Избери Ажурирај го начинот на плаќање. Внеси податоци за плаќањето и избери Зачувај.
Обиди се со друг уред

Обиди се да користиш компјутер наместо телефон или обратно.

Обиди се со друг начин на плаќање

Прифатливи се следниве начини на плаќање: American Express, Visa, Mastercard и PayPal.

Напомена American Express не е поддржан во Андора или Молдавија.

Ако горенаведените решенија не помагаат, контактирај ја банката или финансиската институција за да откриеш зошто не може да успее начинот на плаќање.

Како да го променам основниот пакет?
  1. Најави се на Max на телефонот, таблетот или на компјутерот. Не можеш да се најавиш?
  2. Избери го профилот, па Претплата.
    (Само профилите за возрасни можат да управуваат со претплати.)
  3. Избери Промени го основниот пакет и најави се (ако е потребно). Нема опција за промена на пакет? Види преку кого ти се наплаќа претплатата (најгоре на екранот) и оди на Како да променам пакети?
  4. Избери пакет за претплата и период на наплата (месечно или годишно).

Откако ќе се ажурира претплатата, ќе добиеш е-порака за потврда на промената.

Промотивни понуди
Кои било бесплатни пробни периоди, поволности, промотивни понуди или попусти што можеш да ги користиш во моментов нема да се применат на новиот пакет и ќе завршат кога ќе почне да важи новиот пакет.
Кога ќе почне да важи промената на пакетот?

Ефективниот датум зависи од промената:

  • Ако се префрлиш на пакет со пониска цена, промената на пакетот ќе се случи на следниот датум на наплата.
  • Ако се префрлиш на пакет со повисока цена, промената на пакетот ќе се случи веднаш. Ќе ти биде наплатена разликата во цената на пакетите (плус применливите даноци) и ќе се приспособи следниот датум на наплата.
  • Ако го промениш само периодот на наплата (месечно или годишно), промената ќе се случи на следниот датум на наплата.

Напомена Ако се префрлиш од месечен пакет со повисока цена на пакет со пониска цена со годишен период на наплата, промената на пакетот ќе се случи на следниот датум на наплата.

Можам ли да ја откажам промената на пакетот?

Ако промената не почне да важи веднаш, може да ја откажеш промената на пакетот што е во фаза на чекање. За да го направиш ова, врати се на Претплата (Чекор 2 погоре) и избери Откажи пакет во фаза на чекање. Исто така, може да се најавиш на max.com/subscription и да избереш Откажи пакет во фаза на чекање.

Како да го додадам или отстранам додатокот Спорт?
  1. Најави се на Max на телефонот, таблетот или на компјутерот. Не можеш да се најавиш?
  2. Избери го профилот, па Претплата.
    (Само профилите за возрасни можат да управуваат со претплати.)
  3. Избери Додај Спорт или Отстрани Спорт (ако е применливо).
    Нема опција за отстранување на додатокот Спорт? Види преку кого ти се наплаќа тековниот додаток и оди на Управувај со додатокот Спорт.
  4. Следи ги упатствата на екранот за да го додадеш или да го отстраниш додатокот.

Откако ќе се ажурира претплатата, ќе добиете е-порака за потврда на промената.

Кога ќе го додадеш додатокот Спорт на основниот пакет, ќе ти се наплаќа секој месец додека не го отстраниш додатокот Спорт или не го откажеш основниот пакет за претплата. Месечниот надомест за додатокот Спорт е одделен од надоместот за основната претплата.

Ако го отстраниш додатокот Спорт пред следниот датум на наплата за додатокот, може да продолжиш да гледаш до крајот на тековниот период на наплата (и основниот пакет нема да биде засегнат).

Бараш нешто друго?