Одржување на системот
Прочитај повеќе
Во моментов ги надградуваме нашите системи. За помош, прати ни е-порака на podrska@max.com или врати се за неколку часа. Прочитај помалку

Претплати се повторно на Max

Ако и порано се имаш претплатено на Max или на HBO Max, еве како може да се претплатиш на Max со постојната сметка (на овој начин ќе ги имаш своите профили, „Мојот список“ и историјата на гледање).

Начини на повторна претплата

Ова се начините на кои можеш повторно да се претплатиш на Max:

Max.com

Еве како повторно да се претплатиш преку веб:

  1. Оди на max.com/login и најави се на твојата сметка на Max (или на HBO Max). Не можеш да се најавиш?
  2. На екранот „Добре дојде назад“, избери Регистрирај се веднаш.
  3. Избери пакет за претплата и период на наплата, па продолжи.
  4. Додај го начинот на плаќање и започни ја претплатата.
  5. Избери Започни со гледање и може да почнеш да гледаш.

Сега може да се најавиш и да гледаш Max на кој било поддржан уред.

Апликација Max

Еве како повторно да се претплатиш преку продавница за апликации (на пр. Apple или Google):

  1. Отвори Max и најави се со сметката за Max (или за HBO Max). Не можеш да се најавиш?
  2. Избери Обнови ја претплатата.
  3. Избери пакет за претплата и период на наплата.
  4. Следи ги упатствата на екранот за да се претплатиш преку продавницата за апликации.
  5. Избери Започни со гледање и може да почнеш да гледаш.

Сега може да се најавиш и да гледаш Max на кој било поддржан уред.

Оператор за интернет, мобилен телефон или телевизија

Еве како повторно да се претплатиш преку оператор:

Чекор 1: претплати се

Контактирај со оператор и претплати се на Max (или на HBO).

За список на оператори за интернет, мобилен телефон и телевизија, оди на оператори за Max. За да дознаеш кои оператори поддржуваат пакети, оди на Кои оператори нудат пакети?

Чекор 2: активирај ја претплатата на Max

Откако ќе се регистрираш, треба да ја активираш претплатата на Max пред да можеш да почнеш да гледаш Max.

Решавање проблеми

Не можеш да гледаш откако повторно се претплати?

Обиди се да се одјавиш и повторно да се најавиш. Еве како:

  1. Во Max, направи едно од следниве:
    • Телефон, таблет или компјутер: избери го својот профил, па избери Одјави се.
    • ТВ-уред: избери ја иконата „Поставки“ запченик (долу десно), па Одјави се.
  2. Најави се на Max и пробај да гледаш нешто.

Ако ова не помогне, оди на Реши проблемот со претплатата на Max.