Лозинката за Max не може да се ресетира
Ако имаш проблем при ресетирањето на лозинката, побарај го проблемот подолу:
Кога ќе ја ресетираш лозинката, треба да добиеш е-порака за ресетирање на лозинката за Max во рок од неколку минути.
Ако не добиеш е-порака за ресетирање на лозинката, обиди се со следново:
Прво, пребарај ги сите папки од приемното сандаче (вклучувајќи ги „Промоции“, „Непотребна е-пошта“ и „Несакана e-пошта“) и побарај е-порака со наслов: Врска за ресетирање на твојата лозинка за Max. Е-пораката ја испраќа Max (max@service.max.com).
Со сметката на Max (или HBO Max) можеби е поврзана друга е-пошта.
Обиди се со чекорите за ресетирање на лозинката со друга твоја адреса на е-пошта. Еве како:
- Оди на max.com/forgot-password.
- Внеси друга твоја адреса на е-пошта и избери Испрати. Ја заборави е-поштата за сметката?
- Почекај неколку минути и провери дали во приемното сандаче имаш е-порака за ресетирање на лозинката за Max.
- Отвори ја најновата е-порака за ресетирање на лозинката за Max и избери Ресетирај ја лозинката.
- Внеси нова лозинка и избери Зачувај. Врската за ресетирање истекла?
Сега, најави се на Max со е-поштата за сметката и со новата лозинка.
Ако не добиеш е-порака за ресетирање на лозинката за Max, обиди се со следниве чекори за секоја од сметките на е-поштата.
Ако се имаш најавено на Max на некој уред, еве како да ја најдеш адресата на е-пошта:
- Во Max, направи едно од следниве:
- Телефон, таблет или компјутер: избери го својот профил, па Сметка.
- Телевизор: избери ја иконата „Поставки“ , па Сметка.
- Тука ќе ја најдеш е-поштата за сметката.
А сега, за ресетирање на лозинката:
- Оди на max.com/forgot-password и внеси ја е-поштата за сметката.
Ако повторно не добиеш е-порака за ресетирање на лозинката, контактирај со нас за помош.
Ако врската за ресетирање на лозинката не функционира, отвори ја најновата примена е-порака за ресетирање на лозинката за Max. Насловот на е-пораката за ресетирање на лозинката го содржи времето: Врска за ресетирање на лозинката за Max од < време >.
Ако тоа не помогне, обиди се на друг прелистувач. Еве како:
- На друг компјутер, телефон или таблет, отвори ја најновата примена е-порака за ресетирање на лозинката за Max.
- Избери Ресетирај ја лозинката.
- Внеси нова лозинка и избери Зачувај.
Ако сè уште не можеш да ја ресетираш лозинката, контактирај со нас за помош.
Ако добиеш порака за истечена врска, обиди се со следново:
- Отвори ја најновата примена е-порака за ресетирање на лозинката за Max и избери Ресетирај ја лозинката. Насловот на е-пораката за ресетирање на лозинката го содржи времето: Врска за ресетирање на лозинката за Max од < време >.
- Повторно ресетирај ја лозинката (оди на max.com/forgot-password и внеси ја е-поштата за сметката).
Врските за ресетирање лозинки истекуваат по 24 часа откако ќе ги побараш или кога ќе побараш нова лозинка.
Сè уште ти треба помош? Контактирај со нас за помош.