Порака или код за грешка „Нешто не е во ред“
Ако добиеш порака „Нешто не е во ред“ или код за грешка на Max, обиди се со следниве решенија:
Можни решенија
Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно од овие решенија за да го решиш проблемот.
- Телефон, таблет или телевизор: присилно затвори ја Max, па повторно отвори ја и обиди се да гледаш повторно.
- Компјутер: затвори го и повторно отвори го прелистувачот, па врати се на max.com и повторно обиди се да гледаш.
Обиди се да гледаш разни серии и филмови за да откриеш дали грешката се појавува за сите наслови или само за одредена серија или филм. Ако грешката се појавува само за одредена серија или филм, контактирај со нас и кажи ни.
Провери дали ја имаш најновата верзија на Max. Еве како:
- Компјутер: обиди се со ажурирање на прелистувачот. За да дознаеш како, оди во Решавање проблеми на max.com.
- Друг уред: отвори ја продавницата за апликации на уредот, побарај ја Max и провери дали е достапно ажурирање. Ако има ажурирање за апликацијата, преземи го и обиди се повторно да ја користиш Max.
- Направи едно од следниве:
- Телефон, таблет или компјутер: избери профил, па Одјави се.
- Телевизор: избери ја иконата „Поставки“ , па Одјави се.
- Исклучи го уредот.
- Почекај 30 секунди и вклучи го повторно.
- Отвори ја Max, најави се и обиди се да гледаш повторно.
Пробај ја Max на друг поддржан уред. Ако грешката не се појави на друг уред, оди во Решавање проблеми со Max.
Користиш компјутер? Обиди се со друг прелистувач (Chrome, Firefox, Microsoft Edge или Safari).
Избери го уредот што го користиш и обиди се со чекорите за решавање проблеми:
- Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
- Почекај 30 секунди.
- Повторно поврзи го напојувањето на модемот и почекај да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
- Откако ќе заврши поврзувањето на модемот, поврзи го напојувањето на рутерот и почекај да се поврзе на интернет.
- Отвори ја Max и обиди се да гледаш повторно.
Сѐ уште ти треба помош?
Забележи ги пораката или кодот за грешка на екранот и кажи ни ги кога ќе контактираш со нас.