Ажурирај го HBO Max во Max
Еве како да ажурираш од HBO Max во Max:
На уредите на коишто ја имаш апликацијата HBO Max, оди во продавницата за апликации на уредот, пребарај Max и избери ја опцијата за преземање.
Откако ќе ја инсталираш апликацијата Max, избриши ја апликацијата HBO Max од уредот.
Ако ти треба помош при инсталирање на апликацијата Max, избери го уредот подолу:
Еве како да ажурираш во Max на телефонот или на таблетот:
На таблетот Amazon Fire:
- Отвори ја продавницата за апликации и пребарај ја Max.
- Избери ја Max, а потоа опцијата за преземање.
- Отвори ја Max и најави се.
Ако не можеш да ја преземеш апликацијата Max, обиди се да го ажурираш таблетот Amazon Fire:
- Отвори го менито Поставки, потоа избери Опции на уредот > Ажурирања на системот > Ажурирај.
- Откако ќе ја ажурираш, обиди се повторно да ја преземеш Max.
На телефон или на таблет со Android:
- Отвори Play Store и пребарај ја Max.
- Избери Max, па Инсталирај.
- Отвори ја Max и најави се.
Ако не можеш да ја преземеш апликацијата Mаx, обиди се да го ажурираш уредот со Android:
- Отвори „Поставки“, потоа избери Систем >Ажурирање на системот > Провери за ажурирање.
- Откако ќе ја ажурираш, обиди се повторно да ја преземеш Max.
На уред Apple:
- Отвори ја продавницата за апликации и пребарај ја Max.
- Избери ја Max, а потоа Земи.
- Отвори ја Max и најави се.
Ако не можеш да ја преземеш апликацијата Mаx, обиди се да го ажурираш уредот со iOS:
- Отвори „Поставки“, потоа избери Општо > Ажурирање на софтверот.
- Откако ќе ја ажурираш, обиди се повторно да ја преземеш Max.
Еве како да ажурираш во Max на ТВ-уредот:
На телевизор Amazon Fire:
- Избери Најди и пребарај ја Max.
- Избери ја Max, а потоа опцијата за преземање.
- Отвори ја Max и најави се.
Ако не можеш да ја преземеш апликацијата Max, обиди се да го ажурираш телевизорот Amazon Fire:
- Оди во Поставки > Мојот Fire TV > За > Провери за ажурирање на системот.
- Откако ќе ја ажурираш, обиди се повторно да ја преземеш Max.
На телевизорот со Android:
- Отвори Play Store и пребарај ја Max.
- Избери ја Max, а потоа опцијата за преземање.
- Отвори ја Max и најави се.
Ако не можеш да ја преземеш апликацијата Mаx, обиди се да го ажурираш телевизорот со Android:
- Оди во Поставки > Систем > За > Ажурирање на системот > Провери за ажурирање.
- Откако ќе ја ажурираш, обиди се повторно да ја преземеш Max.
На Apple TV:
- Отвори ја продавницата за апликации и пребарај ја Max.
- Избери ја Max, а потоа опцијата за преземање.
- Отвори ја Max и најави се.
Ако не можеш да ја преземеш апликацијата Mаx, обиди се да го ажурираш Apple TV:
- Оди во Поставки > Систем > Ажурирања на софтверот > Ажурирај софтвер.
- Откако ќе ја ажурираш, обиди се повторно да ја преземеш Max.
На паметен телевизор LG:
- Отвори ја Продавницата за содржини на LG и пребарај ја Max.
- Избери Max, па Инсталирај.
- Отвори ја Max и најави се.
Ако не можеш да ја преземеш апликацијата Mаx, обиди се да го ажурираш телевизорот LG:
- Оди во Сите поставки > Општо > За овој ТВ > Провери за ажурирања.
- Откако ќе ја ажурираш, обиди се повторно да ја преземеш Max.
На конзолата Playstation:
- Направи едно од следниве:
- PlayStation 4: оди во PlayStation Store и пребарај ја Max. Избери Max, а потоа Преземи.
- PlayStation 5: оди во Медиум > Сите апликации и пребарај ја Max. Избери Max, а потоа Преземи.
- Отвори ја Max и најави се.
Ако не можеш да ја преземеш апликацијата Mаx, обиди се да го ажурираш Playstation:
- Оди во менито „Поставки“ и избери Ажурирање на системскиот софтвер.
- Откако ќе ја ажурираш, обиди се повторно да ја преземеш Max.
На телевизорот Samsung:
- Избери Апликации, а потоа пребарај ја Max.
- Избери ја Max, а потоа Инсталирај.
- Отвори ја Max и најави се.
Ако не можеш да ја преземеш апликацијата Mаx, обиди се да го ажурираш телевизорот Samsung:
- Притисни на копчето „Почетна“ на далечинскиот управувач на телевизорот Samsung и избери ја иконата „Поставки“ . Потоа, избери Поддршка > Ажурирања на софтверот > Ажурирај веднаш.
- Откако ќе ја ажурираш, обиди се повторно да ја преземеш Max.
На конзолата Xbox:
- Оди до Продавницата на конзолата Xbox и пребарај ја Max.
- Избери ја Max, а потоа Инсталирај.
- Отвори ја Max и најави се.
Ако не можеш да ја преземеш апликацијата Mаx, обиди се да го ажурираш Xbox:
- Оди во Поставки > Систем > Ажурирања > Ажурирај конзола.
- Откако ќе ја ажурираш, обиди се повторно да ја преземеш Max.
Откако ќе ја инсталираш апликацијата Max, може да ја избришеш апликацијата HBO Max од уредот.