Најави се на Max

Веќе имаш сметка на Max (или на HBO Max)? Одлично. Еве како да се најавиш.

Нова претплата?
Ако го добиваш Max (или HBO) преку оператор за интернет, мобилен телефон или телевизија, треба да ја Активираш претплатата на Max пред да почнеш да гледаш Max.

Избери го уредот што го користиш:

Еве како да се најавиш на апликацијата Max:

  1. Oтвори ја Max и избери Најави се.
    Веќе се најави? Избери го својот профил (горе десно), а потоа Одјави се.
  2. Внеси ги адресата на е-пошта и лозинката за сметката на Max (или на HBO Max), потоа избери Најави се.
    Ја заборави лозинката? Оди на Ресетирај ја лозинката.
    Нова претплата?
    Ако го добивате Max (или HBO) прекуоператор за интернет, мобилен или телевизија, треба да ја Активирате претплатата на Max пред прв пат да се најавите на Max.
  3. Избери кој гледа и сѐ е подготвено да започнеш со гледање.

Напомена Твоите профили на HBO Max, историјата на гледање и поставките се достапни на Max.

Треба да промениш сметки? За да се најавиш на друга сметка на Max, избери го својот профил (горе десно), а потоа Одјави се. Откако ќе се одјавиш, избери Најави се.

Решавање проблеми

Порака „Е-поштата или лозинката не изгледаат како што треба“

Ако ја добиеш оваа порака, обиди се да ја ресетираш лозинката. Еве како:

  1. На екранот за најавување, избери Заборавена лозинка?.
  2. Внеси ја е-поштата за сметката на Max (или на HBO Max) и избери Испрати. Ја заборави е-поштата за сметката?
  3. Провери дали во приемното сандаче имаш е-порака за ресетирање на лозинката на Max. Оваа е-порака треба да пристигне во рок од неколку минути.
  4. Отвори ја најновата е-порака за ресетирање на лозинката и избери Ресетирај ја лозинката.
  5. Внеси нова лозинка, па избери Создај лозинка.
    Новата лозинка треба да содржи најмалку 10 знаци и да не се повторуваат повеќе од 4 исти знаци едноподруго.

Сега, најави се со е-поштата за сметката и со новата лозинка.

Не доби е-порака за ресетирање на лозинката?
Ако не добиеш е-порака за ресетирање на лозинката на Max, оди на Не можам да ја ресетирам лозинката.
Порака „Претплатата не може да се потврди“

Ако ја добиеш оваа порака, провери го статусот на претплатата на Max. За помош околу ова, оди на Реши проблем со претплата.

Порака за добредојде назад. Што треба да направам?

Провери дали сметката на Max има активна претплата за Max. За помош околу ова, оди на Реши проблем со претплата на Max.

Грешка „Времето на уредот не е синхронизирано“

Ако на телефонот или на таблетот се појави грешка „Времето на уредот не е синхронизирано“, провери дали се точни датумот и времето на уредот. За помош, пребарај во написот на Google Постави датум и време или во написот на Apple iPhone: Промени време или iPad: Промени време.

Не можеш да ја решиш сложувалката со Captcha?

Понекогаш, ќе побараме да решиш сложувалка за да ни помогнеш да ја одржуваме безбедноста на сметката. Ако имаш проблем да ја решиш сложувалката со Captcha, избери Почни повторноза да го почнеш предизвикот одново.

Исто така, може да избереш Аудиопредизвик за да пристапиш до сметката на друг начин.

Еве како да се најавиш на компјутерот:

  1. Оди на max.com/login на компјутерот.
    Веќе се најави? Избери го својот профил (горе десно), а потоа Одјави се.
  2. Внеси ги адресата на е-пошта и лозинката за сметката на Max (или на HBO Max), потоа избери Најави се.
    Заборавена лозинка? Оди на Ресетирај ја лозинката.
  3. Избери кој гледа и сѐ е подготвено да започнеш со гледање.

Напомена Твоите профили на HBO Max, историјата на гледање и поставките се достапни на Max.

Треба да промениш сметки? За да се најавиш на друга сметка на Max, избери го својот профил (горе десно), а потоа Одјави се. Откако ќе се одјавиш, избери Најави се.

Решавање проблеми

Порака „Е-поштата или лозинката не изгледаат како што треба“

Ако ја добиеш оваа порака, обиди се да ја ресетираш лозинката. Еве како:

  1. На екранот за најавување, избери Заборавена лозинка?.
  2. Внеси ја е-поштата за сметката на Max (или на HBO Max) и избери Испрати. Ја заборави е-поштата за сметката?
  3. Провери дали во приемното сандаче имаш е-порака за ресетирање на лозинката на Max. Оваа е-порака треба да пристигне во рок од неколку минути.
  4. Отвори ја најновата е-порака за ресетирање на лозинката и избери Ресетирај ја лозинката.
  5. Внеси нова лозинка, па избери Создај лозинка.
    Новата лозинка треба да содржи најмалку 10 знаци и да не се повторуваат повеќе од 4 исти знаци едноподруго.

Сега, најави се со е-поштата за сметката и со новата лозинка.

Не доби е-порака за ресетирање на лозинката?
Ако не добиеш е-порака за ресетирање на лозинката на Max, оди на Не можам да ја ресетирам лозинката.
Порака „Претплатата не може да се потврди“

Ако ја добиеш оваа порака, провери го статусот на претплатата на Max. За помош околу ова, оди на Реши проблем со претплата на Max.

Порака за добредојде назад. Што треба да направам?

Провери дали сметката на Max има активна претплата за Max. За помош околу ова, оди на Реши проблем со претплата на Max.

Грешка „Времето на уредот не е синхронизирано“

Ако добиеш грешка „Времето на уредот не е синхронизирано“, провери дали се точни датумот и времето на компјутерот. За помош, оди до написот на Microsoft Како да поставам датум или до написот на Apple Промени датум и време.

Не можеш да ја решиш сложувалката со Captcha?

Понекогаш, ќе побараме да решиш сложувалка за да ни помогнеш да ја одржуваме безбедноста на сметката. Ако имаш проблем да ја решиш сложувалката со Captcha, избери Почни повторноза да го почнеш предизвикот одново.

Исто така, може да избереш Аудиопредизвик за да пристапиш до сметката на друг начин.

Еве како да се најавиш на ТВ-уредот:

  1. Инсталирај ја апликацијата Max.
  2. Oтвори ја апликацијата Max и избериНајави се.
    Веќе се најави? Избери ја иконата „Поставки“ запченик (долу десно) (долу лево), а потоа Одјави се.

Сега, избери опцијата за најава на ТВ:

Скенирај го QR-кодот

Скенирај го QR-кодот на телевизорот за да се најавиш. Еве како:

  1. Остани на ТВ-екранот со QR-кодот додека го земаш телефонот или таблетот.
  2. Направи едно од следниве:
    • Отвори ја камерата на телефонот и скенирај го QR-кодот на телевизорот.
      Чекори за QR на iPhone или на Android
      - или-
    • На телефон или на компјутер, оди на max.com/signin. Потоа, внеси го кодот од 6 знаци од телевизорот. Кодот не работи?
  3. Сега, на телефон или на компјутер:

  4. Внеси ги адресата на е-пошта и лозинката за сметката на Max (или на HBO Max), потоа избери Најави се.
    Ја заборави лозинката? Оди на Ресетирај ја лозинката.
  5. На телевизорот, избери кој гледа и сѐ е подготвено да започнеш со гледање.

Ти треба помош? Оди во Решавање проблеми.

Кодот не функционира?

Ако не функционира кодот со 6 знаци, еве со што може да се обидеш:

  • Отвори приватен или инкогнито прозорец на прелистувач и потоа оди на max.com/signin.
  • Обиди се да се најавиш на друг начин (на пример, избери „Користи го далечинскиот управувач“).
  • Обиди се со друг поддржан прелистувач (Chrome, Firefox, Microsoft Edge или Safari).
  • Внеси го кодот од телевизорот на max.com/signin на компјутерот наместо на телефонот (или обратно).
Поврзи со Wi-Fi (на некои уреди)

Најави се на телевизорот со помош на апликацијата Max на телефонот или на таблетот. Еве како:

  1. На телефонот или на таблетот отвори ја апликацијата Max и најави се (ако е потребно). Остави ја апликацијата Max отворена и активна.
  2. Потоа, на ТВ-уредот:

  3. На екранот за најавување, избери Поврзи со Wi-Fi (лево).
    (Оваа опција не е достапна на сите ТВ-уреди.)
  4. Остани на екранот „Поврзи со Wi-Fi“ додека го земаш телефонот или таблетот.
  5. Сега, на телефонот или таблетот:

  6. Врати се на Max и избери Дозволи кога ќе се побара дали телевизорот може да се најави на сметката на Max.
    Ќе се најавиш на телевизорот.
  7. Оди назад на телевизорот, избери кој гледа и сѐ е подготвено да започнеш со гледање.
Нема барање за најава?
  • Провери дали се имаш најавено на Max на мобилниот уред.
  • Провери дали мобилниот уред и ТВ-уредот се поврзани на истата Wi-Fi мрежа.
  • Затвори ја и повторно отвори ја апликацијата Max на мобилниот уред.
  • Обиди се да се најавиш на друг начин: скенирајте го QR-кодот или користи го далечинскиот управувач.
Користи го далечинскиот управувач

Најави се на телевизороот со помош на далечинскиот управувач за телевизорот. Еве како:

  1. На екранот „Најави се“, избери Користи го далечинскиот управувач.
  2. Внеси ги адресата на е-пошта и лозинката за сметката на Max (или на HBO Max), а потоа избери Најави се. Ја заборави лозинката? Оди на Ресетирај ја лозинката.
    Ако имаш проблем со внесување на овие податоци на телевизорот, притисни го копчето Избери или Во ред на далечинскиот управувач за да ја отвориш тастатурата на екранот.
  3. Избери кој гледа и сѐ е подготвено да започнеш со гледање.
Треба да ги промениш сметките?

За да се најавиш на друга сметка на Max, избери ја иконата „Поставки“ запченик (долу десно) (долу лево), а потоа Одјави се.

Roku (само во Франција): кога ќе се најавиш, избери Продолжи (ако е-поштата на сметката на Max е иста како и сметката на Roku) или избери Користи друга е-пошта за да внесеш друга адреса на е-пошта.

Напомена Твоите профили на HBO Max, историјата на гледање и поставките се достапни на Max.

Решавање проблеми

Порака „Е-поштата или лозинката не изгледаат како што треба“

Ако ја добиеш оваа порака, обиди се да ја ресетираш лозинката. Еве како:

  1. Оди на max.com/forgot-password.
  2. Внеси ја е-поштата за сметката на Max (или на HBO Max) и избери Испрати. Ја заборави е-поштата за сметката?
  3. Провери дали во приемното сандаче имаш е-порака за ресетирање на лозинката на Max. Оваа е-порака треба да пристигне во рок од неколку минути.
  4. Отвори ја најновата е-порака за ресетирање на лозинката и избери Ресетирај ја лозинката.
  5. Внеси нова лозинка, па избери Создај лозинка.
    Новата лозинка треба да содржи најмалку 10 знаци и да не се повторуваат повеќе од 4 исти знаци едноподруго.

Сега, најави се со е-поштата за сметката и со новата лозинка.

Не доби е-порака за ресетирање на лозинката?
Ако не добиеш е-порака за ресетирање на лозинката на Max, оди на Не можам да ја ресетирам лозинката.
Порака „Претплатата не може да се потврди“

Ако ја добиеш оваа порака, провери го статусот на претплатата на Max. За помош околу ова, оди на Реши проблем со претплата на Max.

Порака за добредојде назад. Што треба да направам?

Провери дали сметката на Max има активна претплата за Max. За помош околу ова, оди на Реши проблем со претплата на Max .

Грешка „Времето на уредот не е синхронизирано“

Ако на компјутерот се појави грешка „Времето на уредот не е синхронизирано“, провери дали се точни датумот и времето на уредот. За помош, пребарај на интернет „Промени време на уред + уредот“ (на пример, „Промени време на телевизор со Android“).

Не можеш да ја решиш сложувалката со Captcha?

Понекогаш, ќе побараме да решиш сложувалка за да ни помогнеш да ја одржуваме безбедноста на сметката. Ако имаш проблем да ја решиш сложувалката со Captcha, избери Почни повторноза да го почнеш предизвикот одново.

Исто така, може да избереш Аудиопредизвик за да пристапиш до сметката на друг начин.

Ти треба помош додека патуваш? Оди на Дали можам да гледам Max додека патувам?

Сè уште ти треба помош? Оди на Не можам да се најавам на Max.