Помогни ни да ја одржиме безбедноста на твојата сметка

Еве неколку препораки што ќе ти помогнат да ја одржиш безбедноста на сметката на Max.

Препораки за лозинка

Лозинката треба да биде:

  • Уникатна лозинка за Max. Не користи ги лозинките што ги користиш за други веб-локации или апликации.
  • Најмалку 10 знаци во кои не треба да се повторуваат повеќе од 4 исти знаци едноподруго.

За да ја одржиш безбедноста на твојата сметка на Max, добро би било повремено да ја менуваш лозинката.

Ти треба помош при менувањето на лозинката за сметката? Оди во Менување на е-поштата или лозинката.

Не споделувај информации за твојата сметка

Членовите на твоето домаќинство може да се најават на твојата сметка и да гледаат Max на различни уреди. Е-поштата и лозинката за твојата сметка не треба да ги споделуваш со никој надвор од твоето домаќинство.

Ако мислиш дека твојата сметка се користи без твоја дозвола, оди на Спречи неовластено користење на сметката.

Одјави се од уредите што не ги користиш

Редовно прегледувај го списокот на уреди преку сметката и отстранувај ги уредите што повеќе не ги користиш или што не се твои. За повеќе информации, оди во Управувај со твоите уреди.

Провери ја адресата на е-пошта за сметката

Провери дали е точна адресата на е-пошта за сметката. Така ќе добиваш важни е-пораки за сметката ‒ како е-пораката што ја испраќаме ако треба да ја ресетираш лозинката.

Ти треба помош при менувањето на е-поштата за сметката? Оди во Менување на е-поштата или на лозинката.

Не оставај лични податоци

Никогаш нема да ти испратиме е-порака за да ти побараме лични податоци, како на пример, лозинката за сметката на Max или податоците за плаќање. Ако добиеш е-порака од Max во којашто се бараат лични податоци, веројатно е измама за фишинг.