Гледај ги Олимписките игри на Max
Прочитај повеќе
Од 26 јули 2024, ќе може да ги гледаш Олимписките игри Париз 2024 на Max со кој било основен пакет за претплата. Повеќе информации. Прочитај помалку

Запри го неовластеното користење на твојата сметка

Ако мислиш дека некој можеби има пристап до твојата сметка на Max без твоја дозвола, ти препорачуваме да ја промениш лозинката. Со ова, сметката ќе се одјави од сите уреди.

За список на уреди што имаат пристап до твојата сметка, оди на Управувај со твоите уреди.

Промени ја лозинката

За да ја промениш лозинката за сметката на Max:

  1. Најави се на Max на телефонот, таблетот или компјутерот. Не можеш да се најавиш?
  2. Избери го профилот, па Сметка.
  3. Избери ја иконата за уредување молив што се наоѓа до „Лозинка“.
  4. Внеси ја тековната лозинка.
    Ако не си ја знаеш лозинката, може да ја ресетираш.
  5. Внеси нова лозинка и избери Зачувај.

Лозинката е ажурирана и сметката е одјавена од сите уреди. Сега, најави се на Max со новата лозинка.

Порака „Не можевме да ја ажурираме лозинката“

Ако ја добиеш оваа порака, значи дека внесената лозинка не се совпаѓа со таа што ја имаме за твојата сметка. За да го решиш ова, обиди се со следново:

  • Повторно внеси ја тековната лозинка (избери ја иконата со око за лозинката да се прикаже додека ја пишуваш).
  • Ресетирај ја лозинката. За да го направиш тоа, оди на max.com/forgot-password и внеси ја е-поштата за сметката.
    Ти треба помош? Оди во Не можам да ја ресетирам лозинката.

За совети за безбедност на сметката, оди во Помош за одржување на безбедноста на сметката.