Промени ја е-поштата, лозинката или името

Погрешно напишана е-пошта или не може да се пристапи до е-поштата?
Ако погрешно ја напиша адресата на е-пошта при создавањето на сметката или ако повеќе немаш пристап до е-поштата, контактирај со нас.

Информациите за сметката на Max (е-пошта, лозинка и име) може да ги менуваш на телефонот, таблетот или компјутерот.

Што сакаш да промениш?

Промени ја е-поштата
  1. Најави се на Max на телефонот, таблетот или компјутерот. Не можеш да се најавиш?
  2. Избери го профилот, па Сметка.
  3. Избери ја иконата за уредување молив што се наоѓа до „Адреса на е-пошта“.
  4. Внеси нова адреса на е-пошта и избери Зачувај. Ќе ти испратиме е-порака на тековната адреса на е-пошта.
    Не можеш да пристапиш до тековната е-пошта? Ако немаш пристап до тековната адреса на е-пошта, контактирај со нас за помош.
  5. Провери дали имаш е-порака од Max во приемното сандаче (наслов на е-пораката: Потврди ја промената на адресата на е-пошта). Е-поракава би требало да пристигне за неколку минути. Не ја доби е-пораката?
  6. Отвори ја е-поракава и избери Потврди ја промената.

Твојата адреса на е-пошта е ажурирана (најави се на сите уреди со ажурираната адреса на е-пошта).

Промени лозинка
  1. Најави се на Max на телефонот, таблетот или компјутерот. Не можеш да се најавиш?
  2. Избери го профилот, па Сметка.
  3. Избери ја иконата за уредување молив што се наоѓа до „Лозинка“.
  4. Внеси ја тековната лозинка. Не можеш да ја ажурираш лозинката?
    Ако не си ја знаеш лозинката, наместо тоа, може да ја ресетираш.
  5. Внеси нова лозинка и избери Зачувај.

Лозинката е ажурирана и сметката е одјавена од сите уреди. Сега, најави се на Max со новата лозинка.

Промени го името
  1. Најави се на Max на телефонот, таблетот или компјутерот. Не можеш да се најавиш?
  2. Избери го профилот, па Сметка.
  3. Избери ја иконата за уредување молив што се наоѓа до „Име“.
  4. Внеси нови име и презиме и избери Зачувај.

Решавање проблеми

Порака „Не можевме да ја ажурираме лозинката“

Ако ја добиеш оваа порака, значи дека внесената лозинка не се совпаѓа со таа што ја имаме за твојата сметка. За да го решиш ова, обиди се со следново:

  • Повторно внеси ја тековната лозинка (избери ја иконата со око за да се прикаже лозинката додека ја пишуваш).
  • Ресетирај ја лозинката. За да го направиш тоа, оди на max.com/forgot-password и внеси ја е-поштата за сметката.
    Ти треба помош? Оди во Не можам да ја ресетирам лозинката.
Не ја доби е-пораката?

Ако не доби е-порака за потврда од max@service.max.com (наслов на е-пораката: Потврди ја промената на адресата на е-пошта), обиди се со следново:

  • Пребарај во сите папки од приемното сандаче (вклучувајќи ги „Промоции“, Непотребна е-пошта“ и „Несакана е-пошта“) за е-порака со следниов наслов: Потврди ја промената на адресата на е-пошта.
  • Повторно обиди се со чекорите за Промена на е-пошта со друга адреса на е-пошта. Новата е-пошта за сметката не смее да биде поврзана со друга сметка на Max (или HBO Max).

Ако сè уште ти е потребна помош, контактирај со нас.