Приватност на Max
Приватноста е важна за нас. Ги собравме најчесто поставуваните прашања и одговори што треба да помогнат.
- Политика за приватност
- Помош за одржување на безбедноста на сметката
- Запри неовластено користење на сметката
- Управувај со преференциите за колачиња
- Преференции за е-пошта и известувања
- Барања за поединечни права
Политика за приватност
Политиката за приватност на Max дава преглед кои информации ги собираме, како ги користиме и каде и како ги споделуваме. Нашата Политика за приватност е достапна на: max.com/privacy.
Нашата Политика за приватност за деца е достапна на: max.com/privacy/children.
Управувај со преференциите за колачиња
Може да управуваш со преференциите за приватност и за собирање податоци во „Поставки“. Еве како:
- Во Max, избери го својот профил, па Приватност и правни информации, а потоа избери Управувај со преференции за колачиња.
Преференции за е-пошта и за известувања
Периодично, преку е-пошта, може да ти испраќаме препораки за серии и за филмови, ажурирања за производи и специјални понуди. Ако не сакаш да ги добиваш овие е-пораки, може да ги исклучиш „Рекламирање преку е-пошта од Max и поврзаните друштва“ во „Поставки“. За повеќе информации, оди на Поставки за Max.
Сè уште ќе добиваш е-пораки за услуги на сметката (како на пример, кога менуваш лозинка или се најавуваш на нов уред).
Известувања за апликацијата: може да видиш известувања во скок-прозорец на телефонот или на таблетот за новите серии и филмови на Max, како и други предлози или известувања. Може да ги исклучиш известувањата за апликацијата во Поставки на апликацијата на телефонот или на таблетот.
Известувања во апликацијата: ќе најдеш персонализирани предлози во мобилната апликација Max. За да ги прегледаш предлозите, избери ја иконата ѕвонче во горниот десен агол на Max (само за телефони и таблети). Известувањата во апликацијата се достапни само со Профили за возрасни.
Барања за поединечни права
За да испратиш Барање за приватност за личните податоци што сме ги собрале од тебе, пополни го формуларот за Барање за поединечни права и избери Пристапи или Избриши како вид на барање.
Напомена Треба да ја откажеш претплатата пред да испратиш барање за бришење.
За повеќе информации за ова, види во насловот „Барање за поединечни права“ во нашата Политика за приватност.
За сите други барања за приватност, контактирај со нас на нашата адреса на е-пошта за Приватност: wbdprivacy.com.