Ја заборавив мојата е-пошта или лозинка за Max
Ако имаш проблеми при најавувањето, користи ги следниве информации за ресетирање на лозинката или за наоѓање на адресата на е-пошта за сметката.
Ресетирај ја лозинката
Ако не си ја знаеш лозинката за Max (или за HBO Max), можеш да ја ресетираш. Треба да имаш пристап до е-поштата за сметката за да ја ресетираш лозинката.
За да ја ресетираш лозинката, избери го уредот што го користиш:
- Направи едно од следниве:
- На екранот за најавување на Max, избери Заборавена лозинка?
- Оди на max.com/forgot-password.
- Внеси ја е-поштата за твојата сметка на Max (или HBO Max) и избери Испрати. Ја заборави е-поштата за сметката?
- Провери дали имаш е-порака за ресетирање на лозинката за Max. Е-поракава би требало да пристигне во рок од неколку минути.
- Отвори ја најновата е-порака за ресетирање на лозинката и избери Ресетирај ја лозинката.
- Внеси нова лозинка и избери Зачувај.
Сега, најави се со е-поштата за сметката и со новата лозинка.
Ако не добиеш е-порака за ресетирање на лозинката за Max, оди во Не можам да ја ресетирам лозинката.
- Отвори ја Max на Apple TV и избери Најави се.
- Избери Користи го далечинскиот управувач.
- Избери Заборавена лозинка?
- Внеси ја е-поштата за твојата сметка на Max (или HBO Max) и избери Испрати. Ја заборави е-поштата за сметката?
- Провери дали имаш е-порака за ресетирање на лозинката за Max. Е-поракава би требало да пристигне во рок од неколку минути.
- Отвори ја најновата е-порака за ресетирање на лозинката и избери Ресетирај ја лозинката.
- Внеси нова лозинка и избери Зачувај.
Сега, најави се со е-поштата за сметката и со новата лозинка.
Ако не добиеш е-порака за ресетирање на лозинката за Max, оди во Не можам да ја ресетирам лозинката.
Најди ја е-поштата за сметката
Ако не си ја знаеш е-поштата за сметката на Max (или HBO Max), еве неколку предлози:
- Пребарај дали имаш е-порака од Max на сите твои сметки на е-пошта (ако претходно имаше претплата на HBO Max, пребарај HBO Max).
- Пребарај во сите папки од приемното сандаче (вклучувајќи ги „Промоции“, „Непотребна е-пошта“ и „Несакана е-пошта“).
Кога ќе ја најдеш сметката на е-пошта поврзана со е-пораки од Max (или HBO Max), најави се со таа адреса на е-пошта.
Ако се имаш најавено на некој уред, еве како да ја најдеш адресата на е-пошта:
- Во Max, направи едно од следниве:
- Телефон, таблет или компјутер: избери профил, па Сметка.
- Телевизор: избери ја иконата „Поставки“ , па Сметка.
- Запомни ја адресата на е-пошта за сметката.
Дали имаш друга адреса на е-пошта што би можела да е поврзана со сметката? Ако имаш, обиди се со следниве чекори:
- Оди на max.com/forgot-password.
- Внеси друга адреса на е-пошта и избери Испрати.
- Почекај неколку минути и провери дали во приемното сандаче имаш е-порака за ресетирање на лозинката за Max.
Ако постои сметка што е поврзана со внесената е-пошта, ќе добиеш е-порака за ресетирање на лозинката за Max. Ако не добиеш ваква е-порака, обиди се со следниве чекори за секоја од сметките на е-пошта.
Погрешно напишана е-пошта или повеќе немаш пристап
Ако е-поштата за твојата сметка содржи печатна грешка или повеќе немаш пристап до адресата на е-пошта, контактирај со нас.