Порака „Дали користиш VPN?“

Оваа порака значи дека уредот што го користиш е поврзан на VPN (Virtual Private Network). За да гледаш Max, треба да ги исклучиш VPN, proxy или услугата за анонимизација.

Ако ја добиваш пораката „Дали користиш VPN“, обиди се со следново:

Чекор 1: исклучи го VPN или proxy

Исклучи го VPN, proxy или услугата за анонимизација за IP-адресата да ја прикажува моменталната локација. За да дознаеш како да го направиш ова, контактирај со VPN-операторот, интернет-операторот или со администраторот на мрежата.

Откако ќе го исклучиш VPN или proxy, обиди се да гледаш повторно.

Чекор 2: рестартирај ги мрежните уреди

Следно, обиди се со рестартирање на модемот и на рутерот. Еве како:

  1. Исклучи го уредот со Max или исклучи го од струја.
  2. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  3. Почекај 30 секунди.
  4. Повторно поврзи го напојувањето на модемот и почекај да се поврзе на интернет (околу една минута).
  5. Повторно поврзи го рутерот на струја и почекај да се поврзе на интернет.
  6. Вклучи го уредот повторно, отвори ја апликацијата Max и обиди се да гледаш повторно.
Чекор 3: решавање проблеми со прелистувачот (само за компјутер)

Ако користиш компјутер, обиди се да гледаш на друг уред. Ако не добиеш VPN-порака на друг уред, обиди се со следново:

  • Обиди се на друг поддржан прелистувач (Chrome, Edge, Firefox или Safari).

-или-

  • Обиди се да ги исчистиш колачињата од прелистувачот. За да дознаеш како, оди на Решавање проблеми на Max.com и избери го прелистувачот.
Чекор 4: контактирај со интернет-операторот

Отвори прозорец на прелистувачот и напиши „која е мојата IP-адреса“ во полето за пребарување. Тука ќе најдеш информации за локацијата и за интернет-операторот (ISP).

Ако се обиде со претходните чекори и сè уште добиваш VPN-порака, контактирај со интернет-операторот за помош.

Чекор 5: контактирај со нас

Ако сè уште ја добиваш VPN-пораката, собери ги следниве информации и контактирај со нас.

  • Интернет-операторот (ISP)
  • IP-адресата (отвори прелистувач и напиши „која е мојата IP-адреса“ за да дознаеш која е)