Max се вчитува бавно, баферира или паузира

Многу фактори можат да влијаат на видеорепродукцијата, вклучително опсегот на мрежата, брзината на интернетот и достапната меморија на уредот.

Избери го уредот што го користиш:

Ако Max баферира, еве неколку работи со кои може да се обидеш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Ажурирај ја апликацијата Max

Провери дали ја имаш најновата верзија на апликацијата Max:

  • Android: отвори Play Store на уредот со Android и пребарај ја Max. Ако е достапно ажурирање на апликацијата, избери Ажурирај
  • iOS: отвори ја продавницата за апликации на уредот Apple и пребарај ја Max. Ако е достапно ажурирање на апликацијата, избери Ажурирај.
  • Таблет Amazon Fire: отвори Amazon Appstore на таблетот Fire и пребарај ја Max. Ако е достапно ажурирање на апликацијата, избери Ажурирај.
Тестирај ја брзината на интернетот

Еве како да ја тестираш брзината на интернетот:

  • Android: преземи ја апликацијата за тестирање на брзината на интернетот од Google Play Store и тестирај ја брзината на интернетот.
  • iOS: преземи апликација за тестирање на брзината на интернетот од продавницата за апликации на Apple и тестирај ја брзината на интернетот.
  • Таблет Amazon Fire: од почетниот екран на таблетот Fire, повлечи надолу, па избери ја иконата за безжично поврзување. Допри на мрежата на која се поврза и провери ја јачината на сигналот и брзината на врската.

За да гледаш видео во HD, ти треба минимална брзина на преземањe од 5 Mbps.

Ресетирај или префрли се на Wi-Fi

Ресетирај ја Wi-Fi-врската

Ако телефонот или таблетот е поврзан на безжична мрежа, обиди се со следново:

  1. Вклучи го авионскиот режим на телефонот или на таблетот.
  2. Почекај 10 секунди, па исклучи го авионскиот режим.
  3. Отвори ја Max и пробај да гледаш нешто.

Префрли се на Wi-Fi врска

Ако користиш мобилен интернет, обиди се да се поврзеш на безжична мрежа за да видиш дали репродукцијата е подобрена. За да го направиш ова, на телефонот или на таблетот оди во „Поставки“ и поврзи се на Wi-Fi мрежа.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други лица ја користат истата Wi-FI мрежа, побарај привремено да ја паузираат нивната активност. Ова ќе распредели што е можно повеќе опсег за гледање Max.

Рестартирај ги уредите

Рестартирај го телефонот или таблетот и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучи го телефонот или таблетот со Max.
  2. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  3. Почекај 30 секунди.
  4. Повторно поврзи го напојувањето на модемот и почекај да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  5. Повторно поврзи го рутерот на напојување и почекај да се поврзе на интернет.
  6. Вклучи го телефонот или таблетот, отвори ја апликацијата Max и пробај да гледаш нешто.
Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

Ако баферирањето се појавува само на телефонот или на таблетот, избриши ја апликацијата Max од телефонот или од таблетот и инсталирај ја повторно од продавницата за апликации. Потоа, отвори ја апликацијата Max и пробај да гледаш нешто.

Aко max.com баферира, еве што може да пробаш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Провери го прелистувачот

За најдобро искуство, препорачуваме да користиш поддржан прелистувач.

Ако користиш поддржан прелистувач, ажурирај го прелистувачот на најновата верзија. За да дознаеш како да го направиш ова, пребарај на интернет „ажурирање“ + називот на прелистувачот (на пр. ажурирај Chrome).

Обиди се со друг прелистувач

Обиди се со друг поддржан прелистувач (Chrome, Firefox, Microsoft Edge или Safari). Ако видеото се репродуцира успешно на друг прелистувач, провери ја конфигурацијата на прелистувачот:

  • Провери дали се овозможени колачиња од трета страна.
  • Оневозможи го софтверот за блокирање реклами.
  • Исклучи го приватното прелистување или режимот инкогнито.
  • Оневозможи приклучоци, екстензии и додатоци на прелистувачот.

Затвори го и повторно отвори го прелистувачот, а потоа пробај да гледаш нешто.

Тестирај ја брзината на интернетот

Тестирај ја интернет-врската за да се увериш дека имаш минимална брзина на преземање од 5 Mbps. За да го направиш ова, отвори прелистувач и пребарај „Тест за брзина на интернет“. Ако брзината на преземање не го исполнува минимумот, обрати се до интернет-операторот за да го реши проблемот со брзината на интернетот.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други лица ја користат истата мрежа, побарај привремено да ја паузираат нивната активност. Ова ќе распредели што е можно повеќе опсег за гледање Max.

Рестартирај ги уредите

Рестартирај го компјутерот и мрежните уреди. Еве како:

  1. Затвори ги сите апликации и рестартирај го компјутерот.
  2. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (на пр. модем, рутер итн.).
  3. Почекај 30 секунди.
  4. Повторно поврзи го напојувањето на модемот и почекај да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  5. Повторно поврзи го рутерот на напојување и почекај да се поврзе на интернет.
  6. Вклучи го компјутерот, оди на max.com и пробај да гледаш нешто.
Обиди се со жична врска

За најдобри резултати, обиди се со жично поврзување со компјутерот (наместо Wi-Fi мрежа). За да го направиш ова, поврзи го компјутерот со уредот со помош на етернет-кабел.

Провери дали сите кабли на мрежните уреди (на пр. модем, рутер итн.) се цврсто поврзани на двете точки за поврзување. Лабавиот коаксијален или етернет-кабел може да го ослаби сигналот.

Ако max.com не функционира како што очекуваше, избери го прелистувачот што го користиш:

AirPlay

За помош со AirPlay, избери го уредот од кој гледаш (iPhone, iPad или Mac).

Телевизор Amazon Fire

Ако Max баферира, еве неколку работи со кои може да се обидеш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Провери за ажурирања

Прво, провери дали се ажурирани апликацијата Max и телевизорот Amazon Fire.

  • Апликација Max: на телевизор Fire, означи го полето Max, а потоа притисни на копчето „Мени“ на далечинскиот управувач (копче со три линии). Во долниот десен агол, избери Повеќе информации > Ажурирај.
  • Телевизор Amazon Fire: на телевизор Fire, оди во Поставки > Мојот телевизор Fire > За > Провери за ажурирање на системот.
Тестирај ја брзината на интернетот

На телевизор Amazon Fire, оди во Поставки > Мрежа. Потоа, притиснетие го копчето „Гледај“ на далечинскиот управувач за да го провериш статусот на мрежата.

Исто така, може да преземеш апликација за тестирање на брзината на интернетот од Amazon Appstore и да ја тестираш брзината на интернетот. За да гледаш видео во HD, ти треба минимална брзина на преземања од 5 Mbps. За најдобро искуство со гледање во 4К, препорачуваме брзина на преземање од 50+Mbps).

Намали ја активноста на мрежата

Ако други лица ја користат истата мрежа, побарај привремено да ја паузираат нивната активност. Ова ќе распредели што е можно повеќе опсег за гледање Max.

Исчисти ги cache-меморијата и податоците на апликацијата
  1. На телевизор Fire, оди во Поставки > Апликации > Управувај со сите апликации.
  2. Избери ја Max од списокот на инсталирани апликации.
  3. Избери Исчисти ја cache-меморијата, а потоа Исчисти ги податоците.
  4. Повторно отвори ја Max, најави се и обиди се да гледаш нешто.
Рестартирај ги уредите

Рестартирај го телевизорот Fire и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  2. Почекај 30 секунди.
  3. Повторно поврзи го напојувањето на модемот и почекај да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  4. Повторно поврзи го рутерот на напојување и почекај да се поврзе на интернет.
  5. На телевизор Amazon Fire, оди на Поставки > Мојот телевизор Fire > Рестартирај.
Обиди се со жична врска

Ако телевизорот Amazon Fire има порта за етернет, обиди се да го поврзеш телевизорот Fire со рутерот со етернет-кабел (наместо да користиш Wi-Fi).

Провери дали сите кабли на мрежните уреди (модем, рутер, итн.) се цврсто поврзани на двете точки за поврзување. Лабавиот коаксијален или етернет-кабел може да го ослаби сигналот.

Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

Ако баферирањето се појавува само на телевизор Fire, избриши ја апликацијата Max од телевизорот Fire и инсталирај ја повторно од Amazon Appstore. Потоа, отвори ја Max и пробај да гледаш нешто.

Телевизор со Android

Ако Max баферира, еве неколку работи со кои може да се обидеш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Провери за ажурирања

Прво, провери дали се ажурирани апликацијата Max и телевизорот со Android.

  • Апликација Max: на телевизор со Android, означи ја апликацијата Max, а потоа притисни и задржи го копчето „Избери“ и избери Прегледај детали > Ажурирај.
  • Телевизор со Android: На телевизорот со Android, одете на Поставки > Систем > За > Ажурирање на системот > Провери за ажурирање.
Тестирај ја брзината на интернетот

Преземи апликација за тестирање на брзината на интернетот од Goоgle Play Store и тестирај ја брзината на интернетот (или тестирај ја брзината на преземање на компјутерот што е поврзан на истата мрежа како и телевизорот со Android. За да го направиш ова, отвори прелистувач и пребарај „Тест за брзина на интернет“).

За да гледаш видео во HD, ти треба минимална брзина на преземања од 5 Mbps. За најдобро доживување при гледање во 4К, препорачуваме брзина на преземање од 50+ Mbps.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други лица ја користат истата мрежа, побарај привремено да ја паузираат нивната активност. Ова ќе распредели што е можно повеќе опсег за гледање Max.

Исчисти ги cache-меморијата и податоците на апликацијата
  1. На телевизорот со Android, оди во Поставки > Апликации > Апликации за системот.
  2. Избери ја Max од списокот на инсталирани апликации.
  3. Избери Исчисти ја cache-меморијата, а потоа Исчисти ги податоците.
  4. Повторно отвори ја Max, најави се и обиди се да гледаш нешто.

Напомена Овие чекори се разликуваат во зависност верзијата на оперативниот систем Android.

Рестартирај ги уредите

Рестартирај го телевизорот со Android и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  2. Почекај 30 секунди.
  3. Повторно поврзи го напојувањето на модемот и почекај да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  4. Повторно поврзи го рутерот на напојување и почекај да се поврзе на интернет.
  5. На телевизорот со Android, оди во Поставки > За > Рестартирај > Рестартирај.
  6. Отвори ја Max и обиди се да гледаш нешто.

Напомена Овие чекори се разликуваат во зависност верзијата на оперативниот систем Android.

Обиди се со жична врска

Ако телевизорот со Android има порта за етернет, обиди се да го поврзеш уредот со рутерот со етернет-кабел (наместо да користиш Wi-Fi).

Провери дали сите кабли на мрежните уреди (модем, рутер, итн.) се цврсто поврзани на двете точки за поврзување. Лабавиот коаксијален или етернет-кабел може да го ослаби сигналот.

Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

Ако баферирањето се појавува само на телевизор со Android , избриши ја апликацијата Max од телевизорот со Android и инсталирај ја повторно од Google Play Store. Потоа, отвори ја Max и пробај да гледаш нешто.

Apple TV

Ако Max баферира, еве неколку работи со кои може да се обидеш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Провери за ажурирања

Прво, провери дали се ажурирани апликацијата Max и Apple TV.

  • Апликација Max: оди во продавницата за апликации и побарај ja Max. Ако има достапно ажурирање, избери Ажурирај.
  • Apple TV: на Apple TV, оди во Поставки > Систем > Ажурирања на софтверот > Ажурирај го софтверот.

Потоа, отвори ја Max и обиди се да гледаш нешто.

Тестирај ја брзината на интернетот

Преземи апликација за тестирање на брзината на интернетот од Apple App Store и тестирај ја брзината на интернетот (или тестирај ја брзината на преземање на компјутерот што е поврзан на истата мрежа како и Apple TV. За да го направиш ова, отвори прелистувач и пребарај „Тест за брзина на интернет“).

За да гледаш видео во HD, ти треба минимална брзина на преземања од 5 Mbps. За најдобро доживување при гледање во 4К, препорачуваме брзина на преземање од 50+ Mbps.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други лица ја користат истата мрежа, побарај привремено да ја паузираат нивната активност. Ова ќе распредели што е можно повеќе опсег за гледање Max.

Исклучи ги отворените апликации

Отворените апликации може да користат мрежен опсег или достапна меморија. Обиди се да ги затвориш сите отворени апликации на Apple TV за да ослободиш ресурси за Max. Еве како:

  1. На далечинскиот управувач на Apple TV, притисни го копчето „ТВ“ двапати и брзо.
  2. Повлечи нагоре за да ја напуштиш избраната апликација (повлечи налево или надесно за да се движиш низ отворените апликации).
  3. Откако ќе ги затвориш сите апликации, повторно отвори ја Max и пробај да гледаш нешто.
Рестартирај ги уредите

Рестартирај го Apple TV и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  2. Почекај 30 секунди.
  3. Повторно поврзи го напојувањето на модемот и почекај да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  4. Повторно поврзи го рутерот на напојување и почекај да се поврзе на интернет.
  5. На Apple TV, оди во Поставки > За > Систем > Рестартирај.
  6. Отвори ја Max и обиди се да гледаш нешто.
Обиди се со жична врска

Ако Apple TV има порта за етернет, обиди се да го поврзеш уредот со рутерот со етернет-кабел (наместо да користиш Wi-Fi).

Провери дали сите кабли на мрежните уреди (модем, рутер, итн.) се цврсто поврзани на двете точки за поврзување. Лабавиот коаксијален или етернет-кабел може да го ослаби сигналот.

Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

Ако баферирањето се појавува само на Apple TV, избриши ја апликацијата Max од Apple TV и инсталирај ја повторно од продавницата за апликации на Apple. Потоа, отвори ја Max и пробај да гледаш нешто.

Chromecast

За помош со Chromecast, избери го уредот на кој гледаш (телефон, таблет или компјутер).

Телевизор LG (во одредени земји)

Ако Max баферира, еве неколку работи со кои може да се обидеш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Провери за ажурирања

Прво, провери дали се ажурирани апликацијата Max и телевизорот LG.

  • Апликација Max: притисни го копчето на далечинскиот управувач на телевизорот LG, потоа избери Сите поставки > Општо > За овој телевизор > Провери за ажурирања.
  • Телевизор LG: притисни го копчето „Поставки“ на далечинскиот управувач на телевизорот LG, потоа оди во Сите поставки > Општо > За овој телевизор > Провери за ажурирања.

Потоа, отвори ја Max и обиди се да гледаш нешто.

Провери ја брзината на интернет-врската

Тестирај ја брзината на преземање од компјутер на истата мрежа како и телевизорот LG. За да го направиш ова, отвори прелистувач и пребарај „Тест за брзина на интернет“.

За да гледаш видео во HD, ти треба минимална брзина на преземања од 5 Mbps. За најдобро доживување при гледање во 4К, препорачуваме брзина на преземање од 50+ Mbps.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други лица ја користат истата мрежа, побарај привремено да ја паузираат нивната активност. Ова ќе распредели што е можно повеќе опсег за гледање Max.

Затвори ја и повторно отвори ја Max

Напомена Овие чекори се разликуваат во зависност од моделот на телевизорот LG.

  1. Притисни и задржи го копчето „Почетна“ на далечинскиот управувач на телевизорот LG , а потоа оди до неодамна користените апликации.
  2. Означи ја апликацијата Max и притисни го копчето за движење нагоре на далечинскиот управувач.
  3. Избери X за да ја затвориш Max.
  4. Отвори ја Max повторно и обиди се да гледаш нешто.
Рестартирај ги уредите

Рестартирај ги телевизорот LG и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучи го телевизорот LG од напојување.
  2. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  3. Почекај 30 секунди.
  4. Повторно поврзи го напојувањето на модемот и почекај да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  5. Повторно поврзи го рутерот на напојување и почекај да се поврзе на интернет.
  6. Повторно вклучи го телевизорот во напојување, отвори ја Max и обиди се да гледаш нешто.
Обиди се со жична врска

Ако телевизорот LG има порта за етернет, обиди се да го поврзеш уредот со рутерот со етернет-кабел (наместо да користиш Wi-Fi).

Провери дали сите кабли на мрежните уреди (модем, рутер, итн.) се цврсто поврзани на двете точки за поврзување. Лабавиот коаксијален или етернет-кабел може да го ослаби сигналот.

Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

Ако баферирањето се појавува само на телевизорот LG, избриши ја апликацијата Max од телевизорот LG и инсталирај ја повторно од LG Content Store. Потоа, отвори ја Max и обиди се да гледаш нешто.

PlayStation (во одредени земји)

Ако Max баферира, еве неколку работи со кои може да се обидеш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Провери за ажурирања

Прво, провери дали се ажурирани апликацијата Max и конзолата Playstation.

  • Апликација Max: на Playstation, означи ја Max и притисни на копчето „Опции“ на контролерот, потоа Провери за ажурирања.
  • Конзола Playstation: на PlayStation, оди на менито „Поставки“ и избери Ажурирање на системскиот софтвер.

Потоа, отвори ја Max и обиди се да гледаш нешто.

Тестирај ја брзината на интернетот
  1. На Playstation, оди на Поставки > Мрежа.
  2. Потоа, направи едно од следниве:
    • PlayStation 4: избери Тестирање на врската.
    • Playstation 5: на PlayStation, оди во менито „Поставки“ и избери Ажурирање на системскиот софтвер.

За да гледаш видео во HD, ти треба минимална брзина на преземања од 5 Mbps. За најдобро доживување при гледање во 4К, препорачуваме брзина на преземање од 50+ Mbps.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други лица ја користат истата мрежа, побарај привремено да ја паузираат нивната активност. Ова ќе распредели што е можно повеќе опсег за гледање Max.

Затвори ја и повторно отвори ја Max
  1. На PlayStation, означи ја апликацијата Max, потоа притиснете го копчето Опции на контролерот на PlayStation.
  2. Избери „Затвори ја апликацијата“.
  3. Отвори ја Max повторно и обиди се да гледаш нешто.
Рестартирај ги уредите

Рестартирај го PlayStation и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучи ја конзолата за PlayStation.
  2. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  3. Почекај 30 секунди.
  4. Повторно поврзи го напојувањето на модемот и почекај да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  5. Повторно поврзи го рутерот на напојување и почекај да се поврзе на интернет.
  6. Вклучи го повторно PlayStation во напојување, отвори ја Max и обиди се да гледаш нешто.
Обиди се со жична врска

Обиди се да го поврзеш PlayStation со рутерот со етернет-кабел (наместо да користиш Wi-Fi).

Провери дали сите кабли на мрежните уреди (модем, рутер, итн.) се цврсто поврзани на двете точки за поврзување. Лабавиот коаксијален или етернет-кабел може да го ослаби сигналот.

Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

Ако баферирањето се појавува само на PlayStation, избриши ја апликацијата Max од PlayStation и инсталирај ја повторно од PlayStation Store. Потоа, отвори ја Max и обиди се да гледаш нешто.

Телевизор Samsung

Ако Max баферира, еве неколку работи со кои може да се обидеш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Провери за ажурирања

Прво, провери дали се ажурирани апликацијата Max и телевизорот Samsung.

  • Апликација Max: притисни го копчето „Почетна“ на далечинскиот управувач, потоа избери Апликации > иконата за „Поставки“ запченик > Ажурирања.
  • Телевизор Samsung: притисни на копчето „Почетна“ на далечинскиот управувач, потоа оди до иконата „Поставки“ запченик. Избери Поддршка > Ажурирања на софтверот > Ажурирај веднаш.

Потоа, отвори ја Max и обиди се да гледаш нешто.

Тестирај ја брзината на интернетот

Тестирај ја брзината на преземање од компјутер на истата мрежа како и телевизорот Samsung. За да го направиш ова, отвори прелистувач и пребарај „Тест за брзина на интернет“.

За да гледаш видео во HD, ти треба минимална брзина на преземања од 5 Mbps. За најдобро доживување при гледање во 4К, препорачуваме брзина на преземање од 50+ Mbps.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други лица ја користат истата мрежа, побарај привремено да ја паузираат нивната активност. Ова ќе распредели што е можно повеќе опсег за гледање Max.

Рестартирај ги уредите

Рестартирај ги телевизорот Samsung и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  2. Почекај 30 секунди.
  3. Повторно поврзи го напојувањето на модемот и почекај да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  4. Повторно поврзи го рутерот на напојување и почекај да се поврзе на интернет.
  5. Држи го притиснато копчето за вклучување на далечинскиот управувач на телевизорот Samsung додека телевизорот не се исклучи и повторно се вклучи.
  6. Отвори ја Max и обиди се да гледаш нешто.
Исчисти ги cache-меморијата и податоците на апликацијата

Некои телевизори Samsung имаат опција за бришење на cache-меморијата и податоците од апликацијата. Обиди се со следниве чекори:

  1. Притисни го копчето „Почетна“ на далечинскиот управувач на телевизорот Samsung, потоа оди до иконата „Поставки“.
  2. Избери Поддршка (ако е потребно), а потоа Грижа за уредот.
  3. Избери Управувај со меморијата.
  4. Најди ја Max и избери Види детали.
  5. Избери Исчисти ја кеш-меморијата.
  6. Избери Исчисти податоци.
  7. Отвори ја Max, најави се и обиди се да гледаш нешто.

Напомена Чистењето на cache-меморијата и податоците не е достапно на сите телевизори Samsung и чекорите може да се разликуваат во зависност од моделот на телевизорот. За повеќе информации, оди на samsung.com/support.

Обиди се со жична врска

Ако телевизорот Samsung има порта за етернет, обиди се да го поврзеш уредот со рутерот со етернет кабел (наместо да користш Wi-Fi).

Провери дали сите кабли на мрежните уреди (модем, рутер, итн.) се цврсто поврзани на двете точки за поврзување. Лабавиот коаксијален или етернет-кабел може да го ослаби сигналот.

Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

Ако баферирањето се појавува само на телевизорот Samsung, избриши ја апликацијата Max од телевизорот Samsung и инсталирај ја повторно од продавницата за апликации на Samsung. Потоа, отвори ја Max и обиди се да гледаш нешто.

Телевизор Sony

Ако имаш телевизор Sony со вграден Android TV, обиди се со чекорите за телевизор со Android погоре.

Телевизор Vodafone (во одредени земји)

Апликацијата Max не е достапна на ТВ-уреди Vodafone во сите земји.

Ако Max баферира, еве неколку работи со кои може да се обидеш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Провери за ажурирања
  1. Апликација Max: на телевизор Vodafone, провери дали има ажурирање за Max. Ако е достапно ажурирање, ажурирај ја апликацијата Max на телевизорот Vodafone.
  2. Телевизор Vodafone: на телевизор Vodafone, оди во Поставки > Уред > Поставки > За > Ажурирање на системот.
Тестирај ја брзината на интернетот

Тестирај ја брзината на преземање од компјутер на истата мрежа како и телевизорот Vodafone. За да го направиш ова, отвори прелистувач и пребарај „Тест за брзина на интернет“.

За да гледаш видео во HD, ти треба минимална брзина на преземањe од 5 Mbps.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други лица ја користат истата мрежа, побарај привремено да ја паузираат нивната активност. Ова ќе распредели што е можно повеќе опсег за гледање Max.

Рестартирај ги уредите

Рестартирај го телевизорот Vodafone и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучи го од напојување или исклучи го телевизорот Vodafone.
  2. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  3. Почекај 30 секунди.
  4. Повторно поврзи го напојувањето на модемот и почекај да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  5. Повторно поврзи го рутерот на напојување и почекај да се поврзе на интернет.
  6. Повторно вклучи го ТВ-уредот Vodafone во напојување, отвори ја Max и обиди се да гледаш нешто.
Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

VF TV Play (само за Португалија)

Ако Max баферира, еве неколку работи со кои може да се обидеш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Провери за ажурирања
  1. Апликација Max: на уред VF TV Play, провери дали има ажурирање за Max. Ако е достапно ажурирање, ажурирај ја апликацијата Max на VF TV Play.
  2. VF TV Play: на VF TV Play, оди во Поставки > Уред > Поставки > За > Ажурирање на систем.
Тестирај ја брзината на интернетот

Тестирај ја брзината на преземање од компјутер на истата мрежа на која е поврзан VF TV Play. За да го направиш ова, отвори прелистувач и пребарај „Тест за брзина на интернет“.

За да гледаш видео во HD, ти треба минимална брзина на преземањe од 5 Mbps.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други лица ја користат истата мрежа, побарај привремено да ја паузираат нивната активност. Ова ќе распредели што е можно повеќе опсег за гледање Max.

Рестартирај ги уредите

Рестартирај ги VF TV Play и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучи го од напојување или исклучи го VF TV Play.
  2. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  3. Почекај 30 секунди.
  4. Повторно поврзи го напојувањето на модемот и почекај да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  5. Повторно поврзи го рутерот на напојување и почекај да се поврзе на интернет.
  6. Вклучи го повторно VF TV Play во напојувањето, отвори ја Max и обиди се да гледаш нешто.
Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

Конзола Xbox (во одредени земји)

Ако Max баферира, еве неколку работи со кои може да се обидеш. Можеби ќе треба да се обидеш со повеќе од едно решение за да го решиш проблемот:

Провери го статусот на услугата Xbox

Провери го статусот на услугата на Xbox на страницата за статусот на Xbox.

Провери за ажурирања

Провери дали се ажурирани апликацијата Max и конзолата Xbox.

  • Апликација Max: на Xbox, оди во Мои игри и апликации, означи ја Max и притисни на копчето „Мени“ на контролерот, потоа избери Управувај со апликацијата за да инсталираш ажурирање.
  • Конзола Xbox: на Xbox, оди во Профил и систем > Поставки > Систем > Ажурирања.

Потоа, отвори ја Max и обиди се да гледаш нешто.

Тестирај ја брзината на интернетот

За да ја тестираш брзината на интернетот, оди на Проблеми со брзината на интернетот на Xbox и избери Направи тест за брзината на конзолата.

За да гледаш видео во HD, ти треба минимална брзина на преземања од 5 Mbps. За најдобро доживување при гледање во 4К, препорачуваме брзина на преземање од 50+ Mbps.

Намали ја активноста на мрежата

Ако други лица ја користат истата мрежа, побарај привремено да ја паузираат нивната активност. Ова ќе распредели што е можно повеќе опсег за гледање Max.

Напушти ја и повторно отвори ја Max
  1. Притисни го копчето Xbox на контролерот.
  2. Означи ja Max, притисни го копчето „Мени“, а потоа избери Напушти.
  3. Отвори ја Max повторно и обиди се да гледаш нешто.
Рестартирај ги уредите

Рестартирај го Xbox и мрежните уреди. Еве како:

  1. Исклучи го напојувањето од мрежните уреди (модем, рутер итн.).
  2. Почекај 30 секунди.
  3. Повторно поврзи го напојувањето на модемот и почекај да се поврзе на интернет (околу 1 минута).
  4. Повторно поврзи го рутерот на напојување и почекај да се поврзе на интернет.
  5. Притисни на копчето Xbox на контролерот и избери Рестартирај конзола > Рестартирај.
  6. Отвори ја Max и обиди се да гледаш нешто.
Обиди се со жична врска

Обиди се да ја поврзеш конзолата Xbox со рутерот со етернет-кабел (наместо да користиш Wi-Fi).

Провери дали сите кабли на мрежните уреди (модем, рутер, итн.) се цврсто поврзани на двете точки за поврзување. Лабавиот коаксијален или етернет-кабел може да го ослаби сигналот.

Обиди се со друг уред

Обиди се да гледаш Max на друг поддржан уред поврзан на истата мрежа. Ова ќе помогне да се утврди дали проблемот е поврзан со мрежата или со одреден уред.

Ако баферирањето се појавува само на Xbox, избриши ја апликацијата Max од Xbox и инсталирај ја повторно од Xbox store. Потоа, отвори ја Max и пробај да гледаш нешто.